Дури 90% од децата во предучилишна возраст користат медиуми без надзор од родителите
Може да се каже дека денес децата ги одгледуваат медиумите и екраните, а не самите родители. Сето ова може да стане сериозен проблем ако децата гледаат без надзор и со родителите не разговараат за содржината на која се изложени од разните медиумски платформи.
Денес децата од најрана возраст се опкружени со различни видови медиуми, особено со оние дигиталните. Многу деца првите чекори во реалниот свет ги прават паралелно со првите чекори во виртуелниот.
Преку медиумите децата се информираат и образуваат, но пред сѐ се забавуваат.
90 % од децата се без надзор
Денес 70% од децата веќе од својата втора година почнуваат да ги користат екраните во својот секојдневен живот, а 90% од децата во предучилишна возраст самостојно пребаруваат разни содржини, без надзор.
Медиумската писменост денес е една од најважните писмености во животот. Сепак, иако на почеток медиумите нѐ зближуваа, денес ситуацијата е обратна. Медиумските навики на родителите директно влијаат и на навиките на децата. Како и во сѐ друго, децата го впиваат однесувањето на родителите, па затоа не е чуден фактот што едно бебе од 8 месеци живот е способно за одредени функции на телефонот и таблетот, бидејќи учи од своите родители.
Децата многу повеќе учат од вашиот пример, отколку што вие самите сте свесни за тоа – предупредува комуникологот Lana Ciboci.
Со оглед на тоа дека родителите се први и најважни медиумски едукатори на децата, загрижувачки е што секој петти родител никогаш не гледа медиуми заедно со детето. Освен родителите, децата учат и од постарите браќа и сестри, а занимливо е тоа што две третини од родителите на деца од 9 до 17 години истакнуваат дека нивното дете многу подобро го користи интернетот од нив самите.
Родители, разговарајте
Иако мислењата на експертите за оваа тема се поделени, границата секоја година сѐ повеќе се смалува. Доволно е да се спомне како некогаш телевизиските содржини со ознака за возраст 12+ се прикажувале дури во вечерните часови, а денес можат да се прикажуваат во текот на целиот ден. Сите се согласуваат дека ако веќе ги изложуваме децата на разни содржини, родителите треба да бидат присутни и да разговараат со детето за сѐ што тоа гледа.
Од друга страна, се знае дека телевизиските програми имаат големо влијание врз детската игра, па децата го имитираат она што го гледаат во сериите и филмовите, а фантазијата и креативноста сѐ повеќе исчезнуваат. Повторно, при изборот на квалитетна содржина, најважна улога имаат родителите. Уште еден од проблемите на кој предупредува комуникологот е и изложеноста на рекламите од најмала возраст.
-Помладите деца многу повеќе внимание им придаваат на рекламите не сфаќајќи воопшто дека станува збор за рекламирање на некаков производ или услуга – истакнува комуникологот.
Насилство и нереалност
Сѐ поголем е проблемот со големата присутност на насилни содржини во медиумите и наметнување друштвени вредности. Последиците најчесто се забележуваат кај девојчињата во предучилишна возраст кои сѐ порано покажуваат знаци на незадоволство од своето тело, преферирајќи слабеење.
-Насилните содржини се секаде околу нас, но за жал понекогаш ги има повеќе во цртаните филмови отколку во содржините за возрасни – истакнува Cibioci и додава дека родителите секогаш треба да разговараат со децата за она што виделе.
Комуникологот нагласува дека денес најмалку ги има оние цртани филмови во кои главните ликови изгледаат како прави деца (пример “Дора истражува”). Претежно сите ликови се возрасни атлетски градени, манекенски модели, во главно нереални.
Извор: 24sata.hr
Крај