Дали децата треба да имаат профили на социјалните мрежи?
Денес, главниот фокус на децата се фотограиите, фановите и следбениците – без разлика дали тоа ви се допаѓа или не!
Речиси секој од нас има профил на некоја од социјалните мрежи, но што ќе направите доколку вашиот третоодделенец гледајќи ве вас или другарчињата на училиште побара да има свој профил?
На почетокот сигурно ќе се противите и нема да му дозволите, но со време ќе попуштите. Еве на што треба да обрнете внимание пред да им кажете ”да” на вашите деца.
Одлучете дали детето е подготвено
Кога станува збор за приклучување на децата на социјалните мрежи, постои загриженост во врска со нивната зрелост. На возраст од 7 до 11 години, децата сè уште размислуваат многу конкретно и немаат развиено способност да размислуваат за хипотетички ситуации. Значи една 8-годишна девојка која објавува видео за тоа како да ја направи косата едноставно размислува: “Моите пријатели ќе го видат ова и ќе биде одлично!” Таа не може да го превземе следниот чекор и да размисли за тоа кој друг може да го гледа тоа видео и да пишува недолични коментари или дури да го превземе видеото и да го искористи за продажба на производи за коса.
Сепак, тешко е да се генерализира за тоа која е најдобрата возраст за децата да креираат свој профил. Вие сте најдобриот судија за вашето дете.
Поставете основни правилата
Кога ќе одлучите да му дозволите на вашето дете да го направи својот прв чекор во социјалните мрежи, пристапете кон него како да носите нов пливач во базенот за возрасни. На почетокот употребувајте го профилот заедно и внимателно следете го детето.
Бидете сигурни дека имате целосен пристап до профилот на вашето дете со учење на неговото корисничко име и лозинка и секако следете го со својот профил.
Исто така, бидете сигурни дека тој/таа знае дека може да разговара со вас за нешто лошо или чудно што се случува – дали друго дете почнува да го малтретира или некој што не го познава се обидува да го контактира или да побара лични информации. За ова треба да разговарате уште пред да му дозволите да креира свој профил. Поставете ги правилата за користење на технологијата од почетокот (кога и како му е дозволено да го користи како и конкретни казни ако ги прекрши правилата).
Крај