Децата растат нездраво со однапред испланирани дневни програми
Децата имаат огромна корист од времето поминато надвор во природа: подобри училишни резултати, подобри социјални вештини, помалку депресија и хиперактивност и подобрен сон.
Но, современите родители често се соочуваат со предизвици кога станува збор за наоѓање време за прошетки и игри во природа. Обврските на децата околу училиштето, приватни часови по јазици, свирење на музички инструменти и постојаната опкруженост со технологијата им отежнуваат на родителите да најдат барем малку време за прошетка низ шумата во и така набиениот распоред на децата.
Опасноста од ова е тоа што децата растат со испланирани и дигитализирани животни рутини наменети за возрасни.
Затоа сите родители треба да вметнат ”зелен час” во распоредот на нивните деца, секогаш кога за тоа постои можност. Всушност, станува збор барем за 1 час поминат надвор со децата. Еден час слободна игра и умерена активност дневно е рецепт за трајно здравје. Времето на детето во природа и на отворено не мора да биде товар за родителите: на враќање од училиште кон домот, накратко застанете во локалниот парк. И следниот пат коа се двоумите дали да се запишете на часови по јога или во теретана, тој час резервирајте го за пешање, трчање, планинарење или возење велосипед со вашите деца.
Крај