6 работи кои децата треба да знаат да ги прават сами пред 13-тата година
Според некои психолози, тинејџерските години почнуваат од 9-13 години и тоа е период на транзиција кога родителите треба да им дозволат на нивните деца да пораснат и да бидат независни. За да им се олеснат овие промени на децата, родителите треба да им помогнат да стекнат суштински животни вештини пред да наполнат 13 години.
Да управуваат со парите
Можете да ги научите вашите деца некои основни финансиски вештини уште кога ќе научат да бројат. На возраст од 13 години, децата треба да бидат способни да заштедат пари од нивниот неделен џепарлак, да бидат свесни за тоа колку чинат основните трошоци во домаќинството, да ја разберат разликата помеѓу дебитни и кредитни картички и да можат да донесуваат одлуки за трошење и заштеда.
Да ги извршуваат основните домашни обврски
Децата веќе можат да направат многу работи на рана возраст, како што се чистење по вечерата или собирање облека за перење. До својата 13-та година, треба да бидат способни да ја испеглаат сопствената облека, да ја наполнат или испразнат машината за миење садови, да ги наместат своите кревети, да го измијат автомобилот и да ја средат кујната откако ќе си направат ужина. Родителите треба да бидат конзистентни и специфични со нивните барања и треба да ги охрабруваат своите деца.
Купување намирници
Важно е да ги научите вашите деца на манири колку што е можно побргу. Учете ги од помала возраст да бидат љубезни и да ги почитуваат постарите лица. Настаните и прославите кои ги организирате во домот се одлични за децата да научат како да бидат добри домаќини и да научат како да се однесуваат додека седат на маса со возрасните. Овие навики ќе им помогнат на децата кога ќе бидат возрасни да успеат во нивните кариери и да се вклопат подобро со останатите.
Крај