Направете сами: велигденски декоративни свеќи
Овие разнобојни свеќи во облик на велигденски јајца прекрасно ќе ја надополнат вашата велигденска декорација. Лесни се за правење и сигурно ќе уживате со семејството!
Еве што ви е потребно
1. Земете јајце и поминете ги двата краеви со шмиргла
Со средна шмиргла нежно поминете ги двата краеви од јајцето. Брусењето на краевите ќе ја направи лушпата малку потенка и полесно ќе можете да направите дупки без притоа да ја оштетите формата на лушпата.
2. Направете дупки во лушпата
Држејќи го јајцето нежно со едната рака, ставете го врвот на ножот со тенко сечило на тесниот крај и нежно притискајќи направете мала дупка. Потоа со вртење на сечилото само зголемете ја дупката, така што да одговара на дијаметарот на конецот за свеќи.
3. Испразнете го јајцето од лушпата
Свртете го јајцето кон поширокиот крај и повторете го процесот за да направите дупката низ лушпата. Тука треба да направите поголема дупка за низ неа да го истурите восокот. Не грижете се, отворот не треба да изгледа убаво. Потоа протресете го јајцето за да ја истурите содржината. Измијте ја празната лушпа со топла вода и оставете да се исуши целосно преку ноќ.
4. Вметнете го конецот за свеќа во лушпата
Исечете парче од конецот за свеќа, со тоа што ќе биде неколку центиметри подолг од самото јајце. Прво вметнете го конецот низ помалата дупка на тесниот крај, а потоа продолжете со притискање додека не сте во можност да го фатите од поголемата дупка од другата страна.
5. Со помош на самолеплива трака затворете ја малата дупка
Бидејќи восокот ќе го истурите низ големиот отвор, помалата дупка на другиот крај треба да биде целосно затворена за восокот да не истече. Преклопете неколку пати за добро да ја зацврстите. Другата страна од конецот фатете ја со штипка за да не ви се вовлече внатре кога ќе го ставате восокот.
6. Подгответе го восокот
Ако употребувате стари свеќи, тие мора да бидат бели. Со нож почнете да го гребете восокот од свеќите додека не добиете ситни парчиња.
7. Ставете го восокот во метални конзерви и истопете го
Ставете го восокот заедно со неколку парчиња од мрсните боички (со боја по желба) во конзервите за топење. Конзервите ставете ги во тенџере со вода и погрижете се да нема многу вода за конзервите да не почнат да се креваат над водата. Загрејте ја водата до вриење, постојано мешајќи ја содржината на секоја конзерва со дрвено стапче додека восокот целосно не се стопи.
8. Истурете го восокот во празните лушпи
Истурете го растопениот восок до самиот врв и не грижете се ако дел од восокот се истури настрана. Користете ги штипките за облека за да го држите конецот за свеќи во центарот на отворите. Како што восокот се стврднува, испарува и на врвот ќе се појави празен дел. Потребно ќе биде да додадете повеќе од стопениот восок за целосно да ја наполните дупката. Потоа оставете ги во фрижидер преку ноќ.
9. Скршете ја лушпата од јајцето за да ја извадите свеќата
Изгребете го вишокот восок од долниот дел. Доколку свеќата има нерамнини употребете метален линеар или кредитна картичка за да ги израмните нерамнините. Можете да користите и фен за коса и малку да ја загреете свеќата а потоа да ја обликувате со прстите.
10. Израмнете го долниот дел од свеќата
Нежно истријте го долниот дел од свеќата со шмиргла за да се израмни и да може да стои.
Извор: ehow
Крај