Дури и најпедантните забораваат да ги исчистат овие делови од домот
Вашиот кревет секогаш е наместен, тоалетот е исполиран и комодите секогаш сјаат, но дали вашиот дом е навистина чист? Голем број луѓе забораваат да ги исчистат овие неочекувани места од декор до апарати за домаќинство. Прочитајте кои места од домот најчесто заборавате да ги исчистите и вратете се повторно на врвот.
Декоративни перници
Знаете дека е важно да ги перете перниците на кои спиете, но што е со оние модерни, декоративни перничиња кои ги имате во толку голем број? Без разлика дали ги користите за да ги потпрете нозете после долгиот ден или да ја одморите главата додека гледате телевизија, тие ја собираат истата (ако не и повеќе) мртва кожа, грини и нечистотија. Кога ја чистите дневната соба, не заборавајте со делот за мебел и ткаенина од правосмукалката да ги исчистите и нив, а периодично исперете ги според упатствата.
Кујнската корпа за отпадоци
Дали чувствувате непријатен мирис дури и откако ќе го исфрлите ѓубрето? Тоа би можело да биде поради преостанатите остатоци од храна и бактерии во корпата за отпадоци. Исчистете ја со средство за дезинфекција, кое ќе ја елиминира миризбата и темелно ќе ја исчисти.
Завеси и тапацир
Тие можеби изгледаат чисти со голо око, но завесите и тапацирот задржуваат сѐ: од полен и прашински грини до бактерии и мувла. Затоа не заборавајте да ги исчистите или исперете кога го чистите домот.
Машина за миење садови
Ова може да изгледа контраинтуитивно, но дури и машините за миење на садови бараат чистење. Тие се затнати со остатоци од храна, детергенти, бигор, па дури и мувла. Започнете со чистење на филтерот на машината за миење садови, а потоа детално исчистете ја со соодветно средство преку циклусот за миење.
Предметите од бањата
Од чашата во којашто ги чувате четките за заби, кутијата за сапунот па се до стаклените полици на кои ја чувате козметиката, ќе бидете изненадени како бактериите се шират низ бањата. Кога ја чистите бањата, не заборавајте детално да ги исчистите и овие предмети.
Машина за перење
Ако некогаш сте забележале дека вашата облека мириса помалку свежо после перењето, тогаш веројатно е време да ја исчистите машината за перење. Со водата и влажната облека што минуваат низ нив, овие машини се особено подложни на мувла. Можете да ја исчистите машината за перење со мешање на бел оцет и сода бикарбона преку циклусот за перење на највисока температура.
Копчиња, рачки и прекинувачи
Врз основа на бројот на валкани раце кои секојдневно ги допираат – копчињата, рачките и прекинувачите за светло изгледаат како очигледно место за дезинфекција, но често се занемаруваат. Не заборавајте на овие жаришта на бактерии кога ги бришете местата како кујната и бањата.
Крај