Денот на вљубените потекнува од христијанството!?
Првично христијански празник, Денот на вљубените е прослава на романтичната љубов што се прославува на 14-ти февруари.
Иако неговото потекло е поврзано со Свети Валентин во римокатолицизмот, факт е Денот на вљубените не е религиозен празник и никогаш навистина не бил. Денот на вљубените има историски корени главно во грчко-римските пагански фестивали на плодност и средновековното мислење дека птиците се спојуваат за да се парат на 14-ти февруари.
Историјата на размена на честитки и други белези на љубов на 14-ти февруари, почнала да се развива во Англија и Франција во 14 и 15 век и станала особено популарна во САД во 19 и 20 век. Во текот на последната деценија, прославувањето на Денот на вљубените се прошири и на Далечниот Исток, Индија и на Блискиот Исток.
Историјата на Денот на вљубените
Асоцијацијата на љубовта и плодноста со средината на месец февруари датира од античко време. Во античка Атина, периодот помеѓу средината на јануари и средината на февруари бил месецот Гамелион, посветен на светиот брак на Зевс и Хера.
Во христијанството, најмалку тројца различни светци го носат името Валентин. Сите тие маченици се споменуваат во раните животи на светците на датумот 14-ти февруари. Двајца од нив живееле во Италија во 3 век: еден како свештеник во Рим, а другиот како бискуп од Терни. И двајцата биле убиени во Рим и погребани на Фламинската патека. Третиот Свети Валентин бил убиен во Северна Африка и за него се знае многу малку.
Постојат неколку легенди поврзани со нив, од кои две се особено популарни. Едната легенда кажува дека царот Клавдиј II го забранил бракот за сите млади мажи затоа што верувал дека неженетите мажи ќе бидат подобри војници. Валентин му се спротивставил на Клавдиј и продолжил да организира венчавки за млади двојки и за тоа бил убиен од царот.
Меѓутоа, врската помеѓу Св. Валентин и романтичната љубов не се спомнува во ниедна рана историја и историчарите сметаат дека станува збор само за легенда. Празникот на Свети Валентин на 14-ти февруари првпат бил прогласен од страна на папата Геласиј I околу 498.
Првата честитка за Денот на вљубените била испратена од Чарлс, војводата од Орлеанс на неговата сопруга во 1415 година, кога бил затвореник во Лондонската кула.
Денот на вљубените најверојатно станал популарен во Северна Америка во 19 век со доселувањето на Британците.
Во САД првите масовно произведени честитки на хартиена чипка биле произведени и продадени кратко време по 1847 од Естер А. Хауланд (1828 – 1904) од Ворчестер, Масачусетс.
Но, во 1969 година, како дел од поголемите напори за намалување на бројот на празници кои потекнуваат од легенди, Црквата го отстранила Денот на вљубените како официјален празник од својот календар.
Крај