Сите ја прават оваа грешка со детското седиште во автомобилот
Не само што има премногу родители кои не ги чуваат децата во соодветно поставени седишта во автомобилот, туку им пречат и забелешките на оние кои им укажуваат на тоа.
Според податоците од бебешкиот бренд Chicco, повеќето родители ги свртуваат детските седишта прерано или од почеток така ги поставуваат, за да можат да ги гледаат децата додека возат. Американската академија за педијатрија препорачува децата да останат во седишта кои се завртени така што гледаат кон задните седишта од автомобилот, барем до 2 годишна возраст и подолго ако е можно.
Секој родител носи добро осмислени одлуки кога станува збор за неговото дете и сака да го заштити на секој можен начин. Но, кога станува збор за положбата на детското седиште можеби е добро повторно да размислите и да ги послушате советите од останатите.
Крај