Домашни лекови за инфекција на уво
Повеќето луѓе во одреден временски период страдаат од инфекција на увото. Една од најчестите инфекции е воспалението на средното уво кое се наоѓа веднаш зад ушниот тапан.
Најчести симптоми се:
– Болка во увото
– Губење на слухот
– Оток
– Вртоглавица
– Повраќање
– Гадење
– Зуење
Како да се справите со болката?
1. Оцетот е еден од најефективните убијци на инфекцијата во увото. Измешајте еднаква количина оцет и алкохол и ставете 5-10 капки во увото.
2. Друг ефектен убиец на болката е топлата облога. Дополнително ставете неколку капки маслиново или кокосово масло во увото – тие се ефикасни во ослободување од болката.
3. Земете неколку ливчиња босилек и изгмечете ги како за песто сос за од нив да го извлечете сокот, а потоа ставете 2-3 капки во болното уво.
4. Многу често, на поголема надморска височина или за време на патување со авион, се случува да се јави болка или притисок во ушите. За да го спречите ова со себе носете гума за џвакање.
Крај