Домашни лекови за испукани пети
Занемарувањето и недостатокот на навлажнувачки креми доведува до суви и испукани пети. Во некои случаи пукнатините можат да бидат длабоки и да го направат движењето болно. Кога стапалата се под притисок, тие се прошируваат настрана. Ако кожата е сува, оваа експанзија доведува до пукнатини. Недостатокот на цинк и омега-3 масни киселини, исто така, можат да предизвикаат пукнатини.
Доколку имате проблем со суви и испукани пети, пробајте ги овие домашни лекови:
1. Земете една зрела банана и изгмечете ја. Од изгмечената банана ставете на петите, оставете да отстои 10 минути и потоа измијте ги со млака вода. Повторувајте го ова секојдневно.
2. Исечете лимон на половина и со него истријте ги петите. Стиснете го лимонот за сокот да го нанесете на кожата. Продолжете со триење околу 5 минути. Лимоновиот сок е благо кисел и помага да се отстранат мртвите клетки на кожата. На крај нежно исчистете ја кожата од петите со луфа или мека четка и измијте ги нозете со вода.
Исто така избегнувајте да носите сандали отворени кај петите, бидејќи го олеснуваат страничното ширење на петицата, што доведува до пукнатини. Шетање боси во влажни подрачја исто така ја суши кожата, па избегнувајте да го правите ова.
Крај