Овие домашни обврски децата со задоволство ќе ги прават наместо вас!
Можеби сте прочитале дека извршувањето на малите задолженија и обврски, ја зголемуваат одговорноста и самодовербата кај децата. Но, ако сакате да го видите вашето дете исполнето со гордост и среќно, замолете го да направи нешто што нормално вие како возрасни го правите. Во продолжение почитајте кои задачи можете да им ги доверите на вашите деца, без разлика на возраста:
1. Да ги наводнат цвеќињата.
2. Да си нарачаат сами храна за достава.
3. Да ја измијат марулата.
4. Да исечат овошје на парчиња (со пластичен нож).
5. Да се јават кај баба и дедо и да пренесат порака.
6. Да ги одвојат белите од обоените алишта за перење.
7. Да ги спојат чистите парови чорапи.
8. Да го исчистат подот со крпа или џогер.
9. Да ја донесат поштата од сандачето.
10. Да ја постават масата за јадење.
11. Да ги раскренат чинииите после јадење.
12. Да го нахранат домашниот миленик.
13. Да го исклучат светлото во домот, кога целото семејство излегува заедно.
14. Да ја кажат домашната адреса на такси возачот, за да ги донесе дома.
Крај