Еве зошто е во ред да му дозволите на детето постојано да јаде тестенини
Користете ја “моќта на тестенините” за да внесете поголема разновидност во оброците и да го научите вашето дете да ужива во избалансирана исхрана.
Замислете го ова сценарио: и покрај многубројните обврски и уморот, најдовте време да подготвите семејна вечера. Тетстенини во кои вклучивте протеини и зеленчук за да направите избалансиран оброк, само за да го видите вашето дете како натрупува тестенини во неговата чинија … и уште тестенини … и не јаде ништо друго освен тестенини! Звучи познато? – Не сте едниствените!
Овде логичен чекор би бил да му ограничите на вашето дете што ќе јаде. Но, ограничувањето на храната не носи резултати кај деца (или кај возрасните) кои имаат тенденција да реагираат на диететските ограничувања со интензивни желби и најчесто наоѓаат начин да го добијат она што го сакаат.
Но, прашањето е дали храната со скроб е лоша за вашето дете? – Одговорот можеби ќе ве изненади, но оваа храна всушност е добар избор за децата бидејќи е богата со јаглени хидрати. Еве зошто:
- Децата имаат вродена наклоност за слатка и скробна храна, што е логично од еволутивен аспект. Овие прехранбени производи се ефикасен извор на гориво за развој на телата и мозоците.
- Иако многу возрасни избираат да ги ограничат јаглехидратите или да јадат само цели зрна поради тежината и од здравствени причини, обично не се препорачува истото да го прават и за децата, освен ако не е упатено од медицинско лице поради медицински причини. Јаглехидратите се одличен начин да се задоволат високите енергетски потреби бидејќи нив ги сакаат и најпребирливите јадачи. Премногу храна богата со растителни влакна може да ги пополни малите стомаци кај децата пред да добијат доволно калории или хранливи материи. Целта е да се најде балансиран сооднос на рафинирани и цели зрна.
- Иако голем дел од скробната храна, како тестенините и компирите имаат лоша репутација за “празни јаглехидрати”, тие се далеку од тоа да не се хранливи. Компирите се добар извор на влакна (ако не ги лупите пред да ги готвите) и витамин Ц. А само една порција тестенини содржат околу 1/3 од дневните потреби на белковини кај малите деца.
Скробната храна е најомилена кај повеќето деца. Наместо да ги ограничувате со надеж дека ќе ги натерате децата да јадат друга разновидна храна, користете ја “моќта на тестенини” за да внесете поголема разновидност во оброците.
Крај