Драга, колку пари имаш?
Живееме во време кога сѐ се сервира на послужавник – од тоа каде сме биле на одмор, до тоа што сме вечерале. Но една работа сѐ уште ја криеме, “како змијата што ги крие нозете” – тоа е паричникот. И тоа дури и од најблиските.
Британското истражување покажало дека секој четврти испитаник не знае многу за финансиите на својот партнер, а секој петти испитаник не му обезбедил на својот партнер пристап до штедната книшка. Пристап до кредитната картичка на брачниот партнер не дале 16% од испитаниците, додека 13% од нив не зборуваат ништо за други видови штедење или инвестирање. Недовербата е дури и поголема кога се во прашање вонбрачните заедници.
Поранешните истражувања ја потврдуваат тајноста кога се во прашање финансиите, па така секој осми човек изјавува дека партнерот не знае колку тој има заштеда. Оние кои ги таат своите сметки во просек имаат скриено 10.685 фунти, додека петтина има дури 25.000 фунти на тајна сметка. Жените се повеќе склони да кријат колку пари имаат.
И додека луѓето некогаш не сакале партнерот да има пристап до нивниот мобилен телефон поради евентуални двосмислени пораки разменети со трета личност, денес тоа го прават поради други причини. Погодувате, во прашање се деталите од сметката и финансиските трансакции остварени преку мобилната апликација.
Извор: novosti.rs
Крај