Поучна приказна: Драга, што правеше ти денес?!
Еден ден, мажот дошол дома од работа и ги пронашол своите три деца надвор во дворот, сѐ уште во пиџами, целите валкани, а празните кутии од храна и амбалажи од чоколади расфрлани насекаде.
Вратата од автомобилот на жена му била отворена, исто и влезната врата од куќата, а никаде го немало ни нивното куче. Влегувајќи во куќата пронашол уште поголем неред. Светилката била скршена, тепихот стуткан покрај еден ѕид. Звукот на телевизорот во дневната соба бил пуштен на максимум, а собата била затрупана со разни играчки. Во кујната мијалникот бил полн со валкани садови, храната била расфрлана по масата и по подот, вратата од фрижидерот била отворена, на подот имало скршено стакло, а на средина на кујната имало мал куп песок.
Мажот брзо тргнал на горниот спрат, прескокнувајќи го купот играчки и облека. Ја барал сопругата целиот загрижен, да не е можеби болна или нешто ѝ се случило. Од бањата течел мал поток. Погледнал внатре и видел куп мокри крпи, водата течела од лавабото, а кадата била полна со валкана вода преполна со пена. Километри од тоалетна хартија биле развлечени по целата бања. Побрзал во спалната соба и таму ја затекнал сопругата во пиџами како чита книга.
Таа го погледнала, му се насмевнала и го прашала како си поминал на работа. Неверувајќи на она што го гледа, ја запрашал:
- Што се случило овде денес??
Таа повторно се насмевнала и му рекла:
- Знаеш кога секој ден се враќаш нервозен од работа и ми се дереш, од што си ти уморна?! Што правеше по цел ден?!
Тој ѝ одговорил:
- Знам!
- Е па денес тоа не го правев! – му одговорила таа и продолжила да чита.
Извор: opusteno.rs
Крај