Држењето во раце влијае позитивно на развојот на мозокот на бебето
Науката докажа дека не постои премногу кога станува збор за држење во раце и галење на вашето бебе. Една нова студија покажува дека честото милување и држење во раце на вашето бебе има големи придобивки кога станува збор за развојот на мозокот, особено кај предвремено родените деца.
Одлични вести за сите оние кои се често прекорувани од пријател или од член на семејството дека ги разгалуваат бебињата со тоа што ги држат во рацете премногу долго. Всушност, допирот е од клучно значење за развојот на бебињата и има прилично големи придобивки кога станува збор за развојот на нивниот мозок.
Нежниот допир од родителите е од суштинско значење за бебињата, бидејќи на тој начин нивниот мозок реагира позитивно и на начин сличен на оној кај бебињата кои доживеале цела бременост во матката на мајката.
А вие продолжете да го држите и да го милувате вашето бебе колку што сакате и занемарете го она што ви го кажуваат ”поискусните” роднини или пријатели.
Крај