Нова бременост веднаш после породувањето – добро искуство или лоша одлука?
Најавата дека очекувате бебе може да биде многу возбудлива. Ве обзема она чувство на среќа и исполнетост што сакате да го споделите со целиот свет. Но, кога ќе се случи повторно веднаш откако сте добиле бебе, може да биде прилично непријатно за споделување со останатите.
Секако дека секоја бременост е чудо, но знаете дека реакцијата ќе се разликува овојпат. Вашето бебе има само неколку месеци, а вие повторно сте бремена. Ова е возбудливо, но истовремено и ве прави нервозни, бидејќи знаете дека секој ќе има по нешто да каже и треба да сте подготвени да ги издржите сите коментари.
Но, никогаш не можете целосно да бидете подготвени и многу пати вашите чувства ќе бидат повредени. Еве само дел од она што можете да го очекувате:
• “Леле … што ќе правиш?” (Па, не знам … ќе се породам?)
• “Следниот пат влезете под ладен туш, за да се изладите малку пред да донесете одлука”. (Со толку многу бебиња, веројатно нема да имаме време за туш, нели?)
• “Вие сте најплодната личност што некогаш сум ја запознала”. (Не верувам дека е така, но во ред.)
• “Ова е последен пат, нели?” (Не знам, но тоа не е нешто за што вие треба да се грижите!)
Не треба да ве изненадува ако ваквите коментари прават да се чувствувате ранливо, а на моменти веројатно ќе ви изгледа и како јавно понижување. Најавата дека очекувате ново бебе може да биде лошо искуство, па затоа е подобро да почекате малку и да не кажувате веднаш.
Што се однесува до самата бременост, еве што можете да очекувате:
1. Вашето тело веројатно ќе се мачи.
Некои жени добро ќе ја поднесуваат бременоста, но многу ќе чувствуваат притисок. Истражувањата покажуваат дека забременувањето во рок од шест месеци по раѓањето може да има негативни последици. Секоја болка и промена што сте ги почувствувале во првата бременост, сега ќе ги чувствувате многу порано и со поголем интензитет.
2. Многу ќе биде потешко телото да се врати во првобитната форма.
Кога има поголема разлика помеѓу бременостите, телото многу полесно се враќа во првобитната форма (вообичаено потребен е период од околу 6 недели). Но, во овој случај ќе ви биде многу потешко бидејќи телото кое сѐ уште не е опоравено, повторно ги доживува истите (и потешки) промени од претходно.
3. Може да се намали производството на млеко.
Друг проблем е тоа што може да се намали производството на млеко. Иако можеби не сте свесни за тоа, но еден од првите симптоми дека сте повторно бремена е намалувањето на производството на млеко. Повеќето жени кои забремениле краток период по првата бременост, доживуваат одредено намалување на производството на млеко.
4. Се зголемуваат шансите за зачнување близнаци.
Постојат студии што покажуваат дека мајките што дојат имаат поголема веројатност да забременат со близнаци. Потребни се повеќе истражувања за целосно да се разјасно овој феномен, но постојат докази кои укажуваат на тоа дека хормоналните промени кај доилките ја зголемуваат можноста од ослободување на повеќе од една јајце клетка за време на овулацијата.
5. Нема да имате доволно време за бебето.
Првата година од животот на вашето дете е скапоцена и незаменлива. Сакате да се фокусирате само на своето бебе и да ги гледате сите промени кои секојдневно се случуваат. За жал, ова е многу потешко да се направи ако сте исцрпени од друго мало човечко суштество. Помеѓу сите лекарски прегледи и ултразвуци, ќе бидете преморени и секој момент ќе сакате да го искористите за да одморите. Стомакот кој брзо ќе расте, нема да ви дозволува да го кревате бебето, а играњето и ползењето со него ќе биде невозможно.
6. Планирањето и организирањето ќе биде навистина тешко.
Додека очекуваат бебе, повеќето мајки времето го користат за добро да ги испранираат сите детали. Ова е многу потешко да се направи кога веќе имате едно бебе во домот. Можеби сè уште ослободувате простор за да ги организирате сите работи од вашето бебе, а веќе треба да размислувате каде ќе ги чувате работите од бебето што наскоро доаѓа.
7. Ќе бидете целосно исцрпени.
Бременоста може да биде исцрпувачка на многу начини. Не само што сте буквално физички уморни, туку имате и промени во расположението, проблеми со варењето на храната и киселини и недостаток на координација. Ќе ви биде тешко да се фокусирате на работа, ќе се расправате со партнерот почесто и ќе го пропуштите целото искуство со уживање во бременоста. Да го споменеме и фактот дека имате бебе кое се буди цела ноќ и не ве остава да спиете. Ќе бидете ментално, емоционално и физички исцрпена и ќе плачете многу.
Крај