Џем од сланина: Зимница без конкуренција
Еве една необична “зимница”. Станува збор за намаз од сланина и домати кој можете да го мачкате на сѐ.
Состојки:
За 2 дл џем
- 225 гр сланина
- 350 гр зрели домати
- ½ главица кромид
- 25 гр кафеав шеќер
- 1 лажичка бел шеќер
- ½ лажичка сол
- 1 лажичка црвен пипер
- ½ лажичка мелена горчица
- ½ лажичка јаболков оцет
- прстофат мелено чили
Подготовка:
За подготовка на овој џем, изберете зрел и сочен домат. Доматот не морате да го излупите, но секако отстранете ги зелените, односно незрелите делови.
Исечете ја сланината на тенки ленти, па потоа пржете ја во тава се додека не стане потполно крцкава. Најдобро е да земете и да пржите дел по дел од сланината, за да не ја преполните тавата.
Откако ќе ја испржите, оставете ја сланината на страна во чинија. Одземете две до три лажички од маснотијата во која се пржела сланината, па исчистете ја тавата од остатоците кои би можеле да загорат.
На загреаната маснотија од сланината испржете го ситно сецканиот кромид. Сланината иситнете ја на парчиња, па вратете ја повторно во тавата. Додадете го сецканиот домат и сите останати зачини и поклопете ја тавата со капак.
Гответе на посилен оган, додека смесата на зоврие, а потоа намалете ја јачината и гответе до 45 минути. Повремено промешајте и внимавајте да не ви загори “џемот”. Течноста мора да се намали и џемот мора да стане густ и леплив.
Оставете малку да се олади и можете да го конзумирате топол и ладен.
Во добро затворена тегла, џемот можете да го чувате во фрижидер до 2 недели, иако сме сигурни дека ќе го снема за помалку од 2 дена.
ПРЕПОРАКА: Џемот можете да го мачкате на леб, крекери, тост, да го додадете во хамбургер или сендвич, со пржени јајца, па дури и во салата. Кога еднаш ќе го пробате, ќе сфатите дека можете да го додавате во СЀ!
Извор: nezavisne.com
Крај