Ed Sheeran со неверојатна интерпретација на песната “Layla” на Eric Clapton
Нема песна на Земјата што подобро ја доловува агонијата на невозвратена љубов од песната”Layla” на Eric Clapton.
И, Ed Sheeran – кралот на љубовните песни – е единствената личност на Земјата способна да ја интерпретира во најдобро светло.
Песната е од 1971 година и била напишана за тогашната невозвратена љубов на Clapton за сопругата на неговиот пријател, Pattie Boyd. А тој негов пријател бил всушност George Harrison, водечкиот гитарист на Битлси (The Beatles). Clapton подоцна се оженил со Boyd.
Обожавателите на забави во Велика Британија беа фасцинирани од изведбата на Ed, кој од срце ја отпеа “Layla” на годишното шоу Hootenanny на Jools Holland.
Погледнете и сами и уживајте во неверојатниот настап на Ed Sheeran.
Извор: mashable
Крај