Со само една промена во исхраната, до подобро здравје во 2018!
Со доаѓањето на Новата Година, нашите желби и ветувања се премногу амбициозни, па дури и нереални особено кога е исхраната во прашање. Па, затоа не правете си да ви биде потешко кога после само 7 дена ќе го прекинете режимот на здрава исхрана.
Познатите нутриционисти ве советуваат во Новата 2018 година да воведете само една промена во вашата исхрана: Јадете зеленчук 5 пати дневно, секој ден!
Покрај тоа што различините видови зеленчук се полни со витамини, минерали и антиоксиданти, содржат малку калории, а многу влакна кои ќе прават да се чувствувате сити. Па така, не морате да се ограничувате во консумирањето на различни производи, се додека внесувате доволно зеленчук.
Покрај калориите, зеленчукот ќе ви помогне да ве заштити од речиси сите хронични болести и ќе и да даде здрав сјај на вашата кожа.
За рамномерно да го распоредите внесот на зеленчук во текот на целиот ден, нутриционистите препорачуваат да јадете 1 порција со појадокот, 2 со ручекот и 2 со вечерата. По правило, една порција е еднаква на една чаша суров зеленчук.
Крај