Едноставен рецепт за ‘ржан леб
Состојки:
250 гр ‘ржано брашно
250 гр јачменово брашно
200 мл минерална вода
1 лажичка сол
1 лажичка прашок за печиво
3 лажици лупени семки од сончоглед
3 лажици сусам
1 лажица ленено семе
1 лажица чиа семе
Подготовка:
1. Во длабок сад измешајте ги сите состојки додека не добиете хомогена смеса.
2. Така подготвената смеса, покријте ја и оставете ја да отстои 3 часа на собна температура.
3. Формирајте лепче, завиткајте го во хартија за печење и ставете го во незагреана рерна. Вклучете ја рерната на 250 °C и откако ќе се загрее печете 30 минути. Тргнете ја хартијата за печење од горниот дел, намалете ја температурата на 180 °C и печете уште 10-15 минути.
За кратко време имате вкусно и здраво домашно лепче.
Крај