Сѐ што треба да знаете за епидуралната анестезија
Без оглед на тоа колку книги ќе прочитате или колку искуства од пријателките ќе слушнете, не можете да знаете како ќе се чувствувате за време на породилните болки и пораѓањето додека не го почувствувате тоа. Епидуралната е еден од најчестите облици на анестезија за намалување на породилните болки.
За време на породилните болки, контракциите на матката предизвикуваат болка што патува од матката преку нервите во ‘рбетот па сѐ до мозокот. На почетокот, болката е обично лесна и поднослива, но се влошува како што се наближува времето за раѓање на бебето.
Епидуралната анестезија служи за ослободување од породилните болки и е вид на анестезија што се вбризгува во епидуралниот простор на ‘рбетниот столб. Телото под инјекцијата е олабавено и вкочането за да не се чувствуваат болките, но жената е будна и го чувствува притисокот за напоните.
Можни несакани ефекти:
Новите истражувања откриваат дека раната епидурална не ја зголемува можноста од царски рез и не го одложува чинот на раѓање.
Релативно чести несакани ефекти се: намален крвен притисок, гадење (кај 20-30%) благи чешања (кај 30-50%), болки во грбот и покачена температура (кај 20% од прворотките).
Главоболката се јавува многу ретко (кај 1%). Станува збор за силна главоболка која што се влошува кога ќе се исправите и може да трае и до неколку денови.
Поголеми компликации како што се оштетување на нервите, крвавењето и инфекцијата во ‘рбетот и парализата се исклучително ретки.
За да го минимизирате ризикот, разговарајте со вашиот лекар за какви било медицински проблеми, како што се алергии на локални анестетици, проблеми со дишењето, проблеми со крварење итн.
Исто така треба да одите бавно кога ќе почнете да се движите. По породувањето, почекајте додека целосно не ги чувствувате долните екстремитети, бидејќи има големи шанси да паднете и да се повредите ако сѐ уште има остаток од вкочанетоста.
Породилните болки и породувањето се различни за секоја жена и за секоја бременост. Жените треба да се информираат навремено за можностите за ослободување од болките и да ги направат сите потребни анализи пред да одлучат која опција е најдобра за нив.
Извор: parents.com
Крај