За свекрвите: еве што снаата сака да знаете!
Добрата мајка сака нејзиниот син да има добар брак!
Добро ни е познато дека кога се влегува во брак со еден маж, тоа значи дека се влегува и со неговото семејство. А во најголем број случаи, свекрвата го има главниот збор во семејството.
Односот снаа-свекрва понекогаш е како оној помеѓу мајка и ќерка, но има многу жени што ја опишуваат оваа врска како премногу кревка, напната, па дури и конкурентна.
Снаите имаат многу да кажат и сакаат да бидат слушнати! Во прилог прочитајте што тие сакаат нивната свекрва да знае:
Ослободи го твојот син.
Сакај го безусловно твојот син, но исто така знај го твоето точното место во неговиот живот. Повеќе не очекувај твојот син да го прави она што ти сакаш да го прави. Тој сега има свое семејство и свои обврски. Поттикни го синот да ја гради, развива и да ја дефинира својата брачна улога. Не се бори и натпреварувај со мене за неговото време и емоции. Добрата мајка сака нејзиниот син да има добар брак!
Радувај се за нашата среќа.
Ако ние сме среќни и сложни и ти треба да бидеш за нас. Немој да чекаш да згрешам за да ме нападнеш и да ме претставиш во лошо светло пред твојот син. Наместо да се сомневаш или да ме критикуваш, помоли се нашиот брак да успее.
Разговарај со мене.
Ако сме семејство, тогаш треба така и да се однесуваме. Семејствата заедно се борат и разговараат за тешките прашања и проблемите и наоѓаат заедничко решение. Ако ги премолчуваш работите кои ти претставуваат проблем и се однесуваш како да не постојат, со тоа не помагаш никому туку само ги влошуваш нашите односи на долг рок. Па, ако сум направила или кажала нешто што те навредило, разговарај со мене и знај дека најчесто станува збор за некакво недоразбирање.
Давај ми совети само кога ќе го побарам тоа од тебе.
Не прашувај зошто ги правам работите на одреден начин, не ме критикувај и не ми давај несакани совети. Секој има свој начин на кој ги прави работите, а ако се функционира добро тогаш начинот на кој се постигнало тоа не е ниту најмалку важен.
Прифати ме таква каква што сум.
Секој родител го воспитува своето дете онака како што најдобро знае! Сфати дека јас не сум израсната на ист начин како што ти си го воспитувала твојот син и тоа е во ред. Обиди се да го разбереш мојот начин на размислување и начинот на кој функционира моето семејство. Не обидувај се да ме промениш. Добрата свекрва не прави снаата да се чувствува како помалку вредна. Добра свекрва охрабрува, прифаќа и сака безусловно.
Не ја искористувај мојата добрина.
Немој да бараш од мене да правам многу работи, само затоа што знаеш дека не сакам да те одбијам и да те навредам. Ако твојот син ти кажал дека не може да направи нешто, немој да бараш од мене да го убедам во спротивното бидејќи на тој начин само ќе предизвикаш кавга помеѓу нас двајца.
Сети се дека твојот син не е совршен и дека неговото однесување не е моја вина.
Не заборавај на маните на твојот син. Тој ги имаше и пред да се ожени со мене. Не значи дека неговото лошо однесување или нервозен одговор се моја заслуга. Не ме обвинувај мене за тоа како ти си го воспитала твоето дете.
Дозволи ни да направиме грешки.
Почитувај ги нашите одлуки, дури и ако не се согласуваш со нив. Знај дека ако нашата одлука е грешка, тоа ќе биде можност да научиме од неа. Зарем вие не сте направиле грешки? Ние сме возрасни луѓе и треба да се однесувате со нас како со такви.
Одржувај ја врската со мене.
Сфати дека е потребно време за јас да те чувствувам како мајка. Започни пријателска врска со мене и дозволи улогата на мајка да се развие со текот на времето. Кажувај ми за тешкотиите со кои си се соочила додека си ги одгледувала децата или за почетокот на твојата кариера. Кога ќе се јавиш за да разговараш со твојот син, ако одговорам јас на телефонот, поразговарај малку со мене наместо веднаш да го побараш него. Развиј вистинското пријателство со мене.
Крај