Дали правилно ја користите фиоката од шпоретот? Еве за што е наменета
Што чувате во фиоката под рерната од шпоретот? Сигуно како и сите останати, и вие тука ги чувате големите тави и плехови за печење.
Можеби изгледа како добро место за складирање, но ако го правите тоа тогаш ја пропуштате вистинската цел на овој дел од шпоретот. Верувале или не, таа фиока всушност е наменета за чување на зготвената храната. Кога сакате предвреме да ја подготвите храната, но не планирате веднаш да ја послужите – можете да ја оставите во фиоката за да не се излади. Ова звучи како одлична практична алатка што може да се искористи во секоја кујна – особено за време на празниците или други посебни пригоди.
Па, како можете да проверите дали имате една од овие магични фиоки? Најлесен начин е да го проверите прирачникот на шпоретот. Но, бидете предупредени – таа доаѓа со неколку важни правила. Имајте на ум дека фиоката не е за готвење – туку само да ја задржи храната топла, па никогаш не треба да ја користите за да загреете студена (или незготвена) храна. Сега кога откривте дека вашиот шпорет има фиока за затоплување, сигурно нема да ја користите само за складирање.
Но, не бидете разочарани доколку испадне дека фиоката од вашиот шпорет е само обична фиока за складирање. Сите шпорети немаат фиока за затоплување и во тој случај значи дека сте ја користеле правилно цело време.
Крај