Интересни факти за кафето кои сигурно не сте ги знаеле
Кафе – мали зрна енергија кои секој сака да ги конзумира. Било да е црно кафе, со млеко или со шлаг, фрапучино, макијато, ладно кафе па дури и еспресо, тоа ни дава живот. Кафето е втор омилен топол напиток во светот. На глобално ниво се конзумираат дури 2.5 милијарди шолји кафе секој ден. Но дали некогаш сте помислиле дека можеби, само можеби, кафето е всушност корисно за вас? Одговорот на тајната е: ДА
Кафето го подобрува нивото на енергија и не прави попаметни.
Памет и енергија? Зошто да не. Кофеинот во кафето се апсорбира во крвотокот од каде патува до мозокот. Штом стигне до мозокот, ги стимулира невротрансмитерите што ја поткренува способноста на мозокот да функционира. Кафето ја подобрува меморијата, расположението, нивото на енергија, времето на реакција и когнитивната функција на мозокот.
Кафето помага при слабеење и ги подобрува физичките перформанси
Кофеинот во кафето е природна супстанција која ги согорува маснотиите. Тој го забрзува метаболизмот од 3 до 11%. Кофеинот исто така го забрзува согорувањето на маснотиите до 10% кај подебелите луѓе, а 29% кај послабите. Штета што овие ефекти се губат на долг рок.
Како всушност кофеинот го забрзува согорувањето на маснотиите? Кофеинот го поттикнува нивото на адреналин во организмот предизвикувајќи разградување на масните клетки и ги подобрува физичките перформанси за 11-12%. Па кој не би сакал ваква помош која ќе го мотивира секојдневно да се занимава со некаква физичка активност?
Кафето содржи одредени хранливи материи
Една шолја кафе содржи:
– 11% витамин Б2,
– 6% Витамин Б5,
-3% Манган и Калиум,
2% Магнезиум и Нијацин (Б3).
Па ако пиете неколку шолји во денот, овие количини ја надополнуваат потребната дневна доза која ви е потребна.
Кафето го намалува ризикот од разни болести.
Дијабетес Тип II е добро позната болест. Познато е дека кафето го намалува ризикот од оваа болест за 23-50 %, а во некои случаи и до 67%. Секоја шолја кафе е всушност 7% намален ризик од појава на Тип II. Не е точно познато како кафето го намалува ризикот, но кој би се пожалил?
Кафето влијае и на два типови рак. Ризикот од рак на црниот дроб го намалува за 40%, а ризикот од колоректален рак го намалува за 15%.
Не само што го намалува ризикот од рак, туку го намалува и ризикот од срцеви заболувања кај жените. Некои истражувања покажуваат намален ризик од мозочен удар за 20% кај оние што редовно пијат кафе.
Кафето го заштитува црниот дроб
Црниот доб го штити човечкиот организам. Кафето исто така помага во тоа, бидејќи го штити црниот дроб од цироза. Во просек, луѓето што пијат четири или повеќе шолји дневно имаат 80% помал ризик од појава на било каква болест на црниот дроб.
Кафето помага при депресија и може да ве направи посреќни
Кафето влијае на расположението и дава чувство на смиреност кај многу луѓе. Нема ништо поубаво од чувството кога влегувате во продавница за кафе и ја вдишувате аромата на кафето. Смирува, нели? Според истражувањата, пиењето четири или повеќе шолји кафе дневно, го намалува суицидното чувство за 53%. Исто така ја намалува и појавата на депресија кај жените за 20%. Изгледа на светот му треба повеќе кафе во секојдневниот живот.
Кафето го продолжува животот
Да, убаво прочитавте. Кафето го продолжува животот. Според истражувањата, ризикот од појава на смрт кај мажите се намалува за 20%, а кај жените за 26%.
Кафе? Дајте ми две шолји веднаш ви се молам. 🙂
Крај