Забава за целото семејство: филмови со убава порака за децата
Кој вели дека од телевизијата не може да се научи? Ние ви даваме 5 филмови од кои вашите деца можат да научат важна животна лекција. Па, уживајте со целото семејство!
Babe, 1995
Филм за прекрасно прасенце кое ја губи мајка му, а неколку животни од неговата фарма ја преземаат одговорноста да го одгледуваат.
Порака: Секогаш треба да го следиш срцето, без оглед на тоа што сите останати ти кажуваат!
Shrek, 2001
Приказна за пргавиот огар кој само сака да биде оставен сам на своето мочуриште. Но, за да го стори тоа, тој мора да стане неверојатен херој и да ја спаси принцезата која е заробена во кула. На патот кон неговата цел, тој создава нови пријатели и ја открива љубовта.
Порака: Ако се сакаш себеси и другите ќе те сакаат. Затоа, бидете среќни со тоа што сте – дури и ако сте голем, смртоносен огар од кој сите се плашат.
Happy Feet, 2006
Во светот на Мумбл, пингвините мора да пеат убаво за да ја привлечат сродната душа. Сепак, кутриот Мумбал знае само да танцува. И покрај тоа што тој навистина може да ги размрда пердувите од опашката, тој е прогонет од неговата група на пингвини и завршува во друга земја со група на многу пердувести пријатели кои го прифаќаат и кои се желни да ги научат неговите потези.
Порака: Секој има нешто уникатно да понуди и во ред е ако се разликувате од мнозинството.
The Princess and the Frog, 2009
Класичната бајка добива нов пресврт. Тијана е келнерка која сака да отвори свој ресторан инспириран од нејзиниот татко, но нејзиниот план пропаѓа кога принцот Навин (кој е претворен во жаба) ја убедува да го бакне. Наместо тој да се врати во човечка форма, таа се претвора во жаба. И тогаш започнува вистинската забава.
Порака: Без разлика од каде сте започнале во животот, со верба и труд можете да постигнете сѐ!
Up, 2009
По смртта на неговата сакана сопруга, Карл останува сам и чувствува дека неговите најдобри денови се зад него. Но, тој носи одлука конечно да замине на патувањето што тој и неговата сопруга долго време го планирале. Не сакајќи да се откаже од куќата полна со сеќавања, тој поставува илјадници балони на неговиот покрив и полетува.
Порака: Не откажувајте се! Никогаш не сте престари за да го следите својот ссон.
Извор: parents
Крај