Фински метод за чистење садови кој е совршен за мали кујни
Ниедна домаќинка досега не рекла – “Обожавам да бришам садови и прибор за јадење! За среќа Финците измислиле идеално решение: сталажа за сушење садови која виси над мијалникот. Ние секако не можеме да го изговориме соодветниот фински назив за оваа сталажа – astiankuivauskaappi – но дефинитивно би сакале вакво нешто во нашата кујна.
Начинот на кој се користи е прилично брилијантен. Ги складира вашите садови овозможувајќи им да се цедат во мијалникот и да се сушат. Плус, особено е погодна за мал простор бидејќи ја користи површината на ѕидот и не зафаќа простор од работната површина. Супееер, повеќе простор на работната површина.
Значи, имате дозвола од нас да ја фрлите крпата со која ги бришете садовите (секако мирисаше малку непријатно).
Извор: purewow
Крај