Оваа футрола за мобилен со веренички прстен е одлична алатка за да го снимите запросувањето
Оваа футрола за мобилен телефон е совршена за мажите кои сакаат да ја запросат својата партнерка и тоа да го споделат на Инстаграм. Рокшок го крие вашиот веренички прстен и во исто време го снима моментот на запросување. Објавувањето на овој важен момент ќе ви биде премногу лесно и едноставно. Прстенот е совршено сместен на долниот дел на дното на футролата и на тој начин вие можете да ја снимите реакцијата на вашата партнерка кога ќе и се покаже прстенот. Само бидете сигурни дека сте кликнале на копчето “Снимај”, за да го снимите овој незаборавен момент.
И…да се надеваме дека вашата драга личност ќе ви каже “ДА”.
Извор: mashable
Крај