Гавез – Билка од која зараснуваат коските
Гавезот во Русија е познат и како живокост, бидејќи од оваа билка подобро и побрзо зараснуваат коските, а зацелуваат и рани кои инаку бавно зараснуваат.
Оваа билка брзо се шири и за кратко време освојува огромни површини, а во народната медицина се користи коренот. Народот верува дека ако подолго време држите облог од гавез околу два прсти – тие ќе сраснат! Науката потврди дека оваа билка содржи пурински дериват алантоин кој го стимулира создавањето на нови клетки. Корисна е и против хемороиди и проширени вени. Листовите од млад гавез можат да се исецкаат и да се стават во салата или омлет.
Фрактура на коските
Коренот се вари во млеко додека не се добие хомогена каша која се нанесува на фрактурата во тенок слој и се остава да делува два часа. Облогата не се става преку зглобот.
Реума
Мелем од листови од гавез помага во случај на реуматизам.
Кожа
Екстракт од коренот се става во крем за лице бидејќи ги измазнува брчките и е делотворен за акни, модринки и отоци.
Гастритис
Чајот од гавез помага при лечење гастритис, чир на желудник и дванаесетпалачно црево.
Кашлица
Чајот ја ублажува кашлицата и го забрзува исфрлањето на слуз, помага при бронхитис и емфизем на белите дробови.
Инсектицид
Со водата од листовите потопени во дождовницата испрскајте ја градината за да не ја напаѓаат инсекти.
РЕЦЕПТ:
Една дланка исецкан (свеж или сув) корен од гавез варете го на тивок оган во 750мл млеко. Со постојано мешање варете додека не се добие хомогена маса. Кога ќе се олади ставете го на местото на фрактурата, пазејќи притоа зглобот да остане слободен. Преку нанесениот слој ставете завој и оставете да отстои два часа. Повторувајте ја постапката секој ден во текот на десет дена.
МЕЛЕМ ЗА РЕУМА
Во килограм стопена свинска маст додадете 100гр корен и 50гр листови од гавез, промешајте, тргнете ја смесата од оган и поклопете ја со капак. Откако ќе отстои 24 часа, загревајте ја и промешувајте повремено додека не стане течна, па потоа ставете ја во чиста тегла. Чувајте ја во фрижидер и мачкајте по потреба.
Извор: novosti.rs
Крај