Гласовите од омилените анимирани филмови
Давање глас на ликовите од анимираните филмови е посебен вид на глума. Иако не ги гледаме вистинските лица на актерите кога гледаме анимиран филм, сè уште можеме да ги видиме таму благодарение на нивниот глас, интонација и нивните гестови.
Dracula: Hotel Transylvania
Адам Сендлер се сметаше за совршен избор за создавање на комичниот Дракула. Трансилванскиот акцент го прави гласот на Сендлер речиси непрепознатлив, но неговите гестови и фрази го направија Дракула вистинско Сендлерово дело.
Olaf: Frozen
Џош Гад, гласот на Олаф, оптимистичкиот снежен човек кој сонува да види лето, речиси и немаше да биде дел од филмот, а со тоа неговиот детски сон да глуми во филм на Дизни, ќе беше уништен. Но на крајот сме благодарни што токму тој беше изборот за овој лик.
Po: Kung Fu Panda
Џек Блек признава дека улогата на По е негова омилена улога, а играњето на По е како да игра помлада верзија на самиот себе. Глумата му доаѓа навистина природно, а тоа е веројатно она што го прави По толку шармантен и допадлив за сите.
Dory: Finding Dory
Елен ДеЏенерес тотално се согласува и пронаоѓа во мотото на малата сина риба: “Продолжете да пливате”. Таа верува дека овој филм не е само за деца, туку и за возрасни бидејќи е толку софистициран. Овој забавен лик е навистина тешко да се заборави, нели?
Maui: Moana
Двејн Џонсон беше избран за улогата на Мауи, моќен и харизматичен полу-бог. Улогата има длабока врска со неговите корени од Самоа и тој напомена дека пораснал слушајќи приказни за големиот Мауи. Ликот ги дели неговото чувство за хумор и движењето на веѓата.
Lightning McQueen: Car
Овен Вилсон, кој го има водечкиот лик во франшизата Автомобили, признава дека Молња е еден од неговите омилени ликови што некогаш ги играл. Тој се чувствува многу близок со овој лик што секако може да се забележи додека се гледаат авантурите на Молња.
Boss Baby: The Boss Baby
Алек Болдвин беше гласот за главниот лик на The Boss Baby – за тој смешен контраст на симпатичниот бебешки лик и гласот на Алек. Тој ја прифати оваа улога, бидејќи се чувствуваше многу удобно да работи со тимот на Dreamworks, а мораме да признаеме дека резултатите од оваа соработка беа доста импресивни.
Слики и текст превземени од: bright side
Крај