Надоградбата на Google Maps го олеснува наоѓањето на места
Google Maps наскоро ќе добие нов изглед.
Google го прегледа редизајнираниот изглед за Мапите кој го олеснува пронаоѓањето на значајни места околу вас. Новиот дизајн ќе се активира во текот на наредните неколку недели и ќе го има на веб-сајтот на Google Maps, на апликациите, како и на услугите од трети страни што користат Google Maps.
Со надоградбите, Google Maps суптилно ќе се промени врз основа на она што го правите. Ако користите на пример навигација, апликацијата ќе ги потенцира локациите за кои е најголема веројатноста да ви притребаат додека возите, како што се бензиските станици. Па така, ако барате локални автобуски линии, апликацијата ќе ви ги прикаже автобуските постојки и местата на запирање на јавниот транспорт.
Google исто така ја надоградува и шемата на бои која се користи за да се идентификуваат локациите на компаниите на мапата, за да се олесни наоѓањето на специфични типови на места. Со оваа надоградба, типот на бизнисот ќе ја одредува бојата на оваа икона на мапата.
Рестораните и другите места што спаѓаат во категоријата “храна и пијалоци” ќе бидат портокалови, додека “шопинг” категоријата ќе биде со сина и “забава/хоби” ќе биде со тиркизна боја.
Можеби звучи како мала промена, но Google тведи дека визуелните знаци го ќе го олеснат и ќе го забрзаат наоѓањето на одредени места кога сте во некоја непозната област.
Извор: mashable
Крај