Што е подобро: градинка или дадилка во домот?
Без разлика дали планирате да работите со скратено или со полно работно време, доаѓа период во животот на секоја мајка која работи, кога се поставува важното прашање: Што е најдобро за моето дете?
Но, вие не сте единствените кои со тешкотија размислуваат околу оваа одлука. 62% од родителите велат дека е навистина тешко да се најде прифатлива и квалитетна нега – и ова важи за сите родители, без разлика на висината на платата.
Ако немате баба и дедо што живеат во близина и можат да ви помогнат, двата најчести избори се дадилка или градинка. Но, кога станува збор за тоа, одлуката навистина зависи од вашето семејство и од два клучни фактори: време и пари.
На крајот на краиштата, иако многумина мислат дека одлуката се донесува врз основа на тоа што е најдобро за детето, всушност она што е навистина најважно е што е најдобро за детето но и за родителите, особено за мајката.
И додека градинката може да обезбеди постојаност и социјална интеракција, дадилката обезбедува нешто клучно за менталното здравје на мајката, односно помош околу домашните обврски. Сепак, буџетот на семејството често е одлучувачки фактор.
Без разлика дали ќе изберете дадилка или градинка, двете имаат добри и лоши страни и само вие можете да одлучите што е најдобро за вашето семејство.
Еве на што треба да обрнете внимание при донесувањето на одлуката:
- Кога ќе се вратите на работа? Ова може да биде главен фактор во донесувањето на одлуката. Потребно е време за да се најде дадилка, но за градинките најчесто има список на чекање – неколку месеци.
- Кој е вашиот распоред? Дали се враќате на работа со полно или со скратено работно време? Дали ќе имате дополнителна помош, на пример од вашите родители или од родителите на вашиот сопруг?
- Колкав е вашиот буџет? Искусна дадилка со препораки може да ве чини прилично многу. На крајот на краиштата, вашиот буџет за грижа на детето може да ја донесе оваа одлука за вас.
Позитивни страни на градинката:
- Вработените кои се грижат за децата мора да имаат соодветно образование и лиценца. Градинките мора да исполнуваат одредени регулативи.
- Структуриран простор и часови. Градинките нудат можности за родителите кои работат, со тоа што по потреба можат да ги остават децата рано наутро и да ги земат подоцна.
- Детето има корист од социјалната интеракција и развојот. Тоа развива критични вештини преку играта и интеракцијата со други деца и со возрасните.
- Се фокусира на образованието од раното детство. Многу градинки нудат наставна програма со која децата ги учат буквите и броевите.
Негативни страни на градинката:
- Еден вработен се грижи за повеќе деца. Како што детето расте и се развива, можеби нема да ја добие потребната грижа бидејќи вработените треба да внимаваат на повеќе деца.
- Структурирани часови. Да, ова може да биде и негативно! Особено ако мора да работите за време на викенд или до доцните вечерни часови.
- Бактерии! Иако детето може да развие значителен отпор преку изложеноста на долг рок, очекувајте почесто да се разболува на краток рок. Имајте на ум дека ќе мора да останете дома со него и често да пропуштате денови од работа.
Дури и со неколку недостатоци, градинката може да биде подобра опција отколку дадилката поради социјалната интеракција.
Позитивни страни на дадилката:
- Добивате проверена грижа. Денес постојат сајтови и компании кои можат да ви помогнат да најдете искусна дадилка со препораки.
- Нема потреба од адаптација. Повеќето дадили ќе дојдат во вашиот дом за да се грижат за вашето дете, што значи познато, стабилно и безбедно опкружување.
- Можете сами да го правите распоредот. Бидејќи вашата дадилка работи директно за вас, можете да ги структурирате часовите за да одговараат на вашите потреби.
- Дополнителни обврски. Вие одлучувате во зависност од сумата што и ја плаќате на вашата дадилка, за очекувањата што ги имате. Ова значи дека исто така можете да одлучите кои ќе бидат должностите на дадилка: само грижа за децата или ќе вклучува и задачи во домаќинството, како оброци и чистење.
- Прилагодена грижа и внимание. Единствениот фокус на вашата дадилка е вашето дете. Во зависност од дадилката, ова може да значи време поминато во игра или учење кога станува збор за јазикот и развојот во раното детство.
Негативни страни на дадилката:
- Недостаток на надзор. Кога дадилката и детето се сами, нема вистински начин да дознаете како точно изгледа денот на вашето малечко.
- Поголем трошок. Освен ако вашата дадилка не се грижи за повеќе деца, тогаш е многу поскапа опција од градинката.
На крајот на краиштата, само вие можете да знаете што е најдобро за вас и за вашето семејство. Затоа размислете добро и донесете ја вистинската одлука за вас.
Крај