Неверојатен изум – градник од кој градите се зголемуваат за 7 дена
Милан Милиќ (33) тврди дека градникот кој самиот тој го изумил, доволно е да се носи три пати дневно по 5 минути во текот на една цела недела, и дека тоа е доволно градите трајно да се зголемат за еден број поголема корпа на градникот…
Поранешен студент по инженерство, Милан од Лазаревца во Србија изумил градник за кој тврди дека трајно ги зголемува градите и тоа само по една недела користење. Тој изјавил дека неговиот градник ја поттикнува циркулацијата во градите и така ги зголемува за еден цел број, а обемот на градите е поголем за 3 до 4 cm. На пример, ако жената носи корпа B, по користењето на градникот би носела корпа C. Освен тоа градите стануваат поцврсти.
До идејата дошол кога ја набљудувал својата девојка која не била задоволна од големината на своите гради, а не сакала да оди на пластична операција. Истражувал долго време – цели 2 години и пронашол решение.
Тоа е природен процес кој ја зголемува циркулацијата на крвта која ги храни градите – истакнува овој изумител и додава дека градникот поминал низ 14 тестирања на жени од различни делови во светот. Градникот го нарекол E-bra (E-градник) и чини околу 199 долари, а е достапен на интернет страната enhancebra.com.
Се препорачува E-bra градникот да се носи најмалку 3 пати на ден по 5 минути во текот на целата недела. Градникот е достапен во различни бои и големини – објаснува Милан Милиќ, а пренесува Daily Mail. Инаку, прототипот за E-bra прва го тестирала неговата девојка Јелена Шабиќ (26) и била пресреќна кога градите и се зголемиле.
Таа сакаше да ги зголеми градите, но се плашеше од операции и лузни. Освен тоа, не сакаше да вметне туѓо тело во себе, а и самиот зафат и беше премногу скап. Кога го тестиравме прототипот, мислевме дека резултатот нема да се забележи ни по 2-3 месеци, но само после 2 дена резултатите беа навистина добри. Тогаш сфативме дека имаме нешто големо. После седум дена, градите и нараснаа за еден цел број – објаснил Милан.
Извор: 24sata.hr
Крај