Опасни грешки кои и највнимателните родители ги прават при возењето
Сигурно истражувавте пред да купите семеен автомобил и го избравте најсоодветниот за вас и за вашите деца. Никогаш не тргнувате без да ги сместите децата во нивните седишта и тоа е одлично, но дали е доволно за да ги заштити од опасностите?
Страшниот факт е дека секој ден во судири со моторни возила, деца умираат или се повредени. Очигледно, не секогаш може да се избегне сообраќајна незгода, бидејќи некои судири се предизвикани од други возачи. Но, многу родители несвесно ги ставаат своите деца во опасност додека возат.
Овие наизглед безопасни навики можат да бидат многу опасни, па дури и смртносни за вашите деца:
1. Ги оставате децата сами во автомобилот.
Колку пати ви се случило пред да тргнете некаде со автомобилот, да излезете набрзина само за да проверите дали сте ја заклучиле вратата или дали сте ги исклучиле електричните апарати? Станува збор за само неколку минути, додека вашите деца се сместени во нивните седишта во автомобилот кој е паркиран пред вашиот дом. Што може да се случи? – Всушност и неколку секунди се доволни за едно од вашите деца да посака да си поигра со клучот и да го вклучи автомобилот, или да поигра со педалите и менувачот и автомобилот да почне да се движи. Можат да ја отворат вратата без да размислат дека други возила поминуваат во непосредна близина на вашиот автомобил. Кога се децата во прашање, сѐ е возможно и никогаш не можете да предвидите што можат да направат.
2. Го доите бебето додека автомобилот се движи.
Сигурно барем еднаш ви се случило бебето да плаче неутешно додека патувате некаде. Во тој момент можеби мислите дека е добра одлука да се преместите на задното седиште и да го извадите бебето од неговото седиште за да го доите додека автомобилот го управува вашиот сопруг, сестра или некоја пријателка. Сѐ додека е во вашите раце е сигурно, нели? – Всушност не е! Дали сте помислиле што ќе се случи ако додека го доите, автомобилот нагло запре? Или ако ве удри автомобил? Бебињата и децата се најсигурни во нивните седишта и не треба да ги вадите од нив ниту за неколку минути. Доколку бебето е гладно и морате да го доите, запрете го автомобилот и паркирајте го на сигурно место.
3. Дозволувате мобилниот телефон да ви го одвлече вниманието.
85% од возачите користат мобилен телефон додека возат. Оваа лоша навика во голема мера го зголемува ризикот од несреќа, можеби дури и до 400%. Возачите кои разговараат на телефон додека возат, имаат значително побавни временски реакции. Зборувањето на телефон го одзема вашето внимание од возењето.
Не залажувајте се дека е безбедно да го користите телефонот ако имате држач во автомобилот. Можеби изгледа како безбедна опција бидејќи рацете ви се слободни, но главната опасност доаѓа од самиот разговор кој може да ви го одвлече вниманието.
Крај