Сите ги правиме овие грешки при одржување на личната хигиена
Повеќето од нас се чувствуваат прилично сигурни во своите ритуали за лична хигиена. Сепак, одржување на здрава лична хигиена не е секогаш толку едноставно. Има неколку грешки кои голем дел од нас ги прават, а веројатно дури и не се свесни за тоа. Од миење на кожата секој ден, до недоволно чистење на производите кои ги користите за лична хигиена ѝ предизвикувате штета на вашата кожа без да го знаете тоа.
Го миете лицето после физичка активност или вежби
После добар тренинг, миењето на лицето навистина е освежувачки и изгледа како нешто логично што треба да го направите. Сепак, најдобро е да се измиете со малку вода пред вашиот тренинг.
Додека вежбате, постојано ја бришете кожата со пешкирот, што значи дека тука останува целата нечистотија, а тоа ги влошува акните.
Се туширате со премногу топла вода
Нема ништо подобро од долг, топол туш во студените утра или после напорниот работен ден. Сепак, иако се чувствувате одлично во моментот, таа топла вода не и прави никаква услуга на вашата кожа. Топлата вода ги отвора порите, со што се намалува природната влажност, а исто така ги мие заштитните навлажнувачки масла на кожата, што дополнително ја зголемува загубата на влажноста. Ова може да резултира со премногу сува кожа.
Ставате лосион долго време после туширањето
Подигнете ја раката ако тоа ви се случило барем еднаш! Лосионот наненесен долго време после туширањето нема да биде толку ефикасен како што ќе биде веднаш после излегување од тушот.
Употребувате сапун секој ден
Зимата е тежок период за оние кои имаат сува кожа. Без разлика колку лосион и крем ќе ставате, вашите раце сеуште ќе бидат суви и испукани. Но, наместо да употребувате повеќе лосион, едноставно само намалете ја употребата на сапун.
Ако се борите со сува кожа за време на студените, зимски денови обидете се поретко да употребувате сапун за време на вашите секојдневни хигиенски ритуали.
Не нанесувате крем со заштитен фактор за сонце на вашето лице
Време е да се започне сериозно да се сфаќа сончањето преку целата година. Побарајте добар крем со SPF и користете го во текот на целата година за заштита од сонцето. Како дополнителен бонус, ќе бидете подготвени за сонцето ако одлучите да одморите од зимата и да патувате на некоја топла и сончева дестинација.
Никогаш не ги чистите четките за нанесување шминка
Чистењето на четките за шминка е една од оние работи што звучат одлично во теорија, но никогаш не се случуваат. Темелното чистење одвреме-навреме трае само неколку минути, но може да ја спаси кожата од нечистотија и бактерии во текот на годините.
Ако не се правилно исчистени, четките за шминка може да содржат многу бактерии што се таложеле со текот на времето и да предизвикаат сериозно оштетување на кожата. Измијте ги четките со нежен сапун и вода, а потоа оставете ги на пешкир да се исушат.
Употребувате течност за плакнење на устата
Течноста за миење на устата изгледа како здрава навика, но за некои може да биде премногу сурова. Употребата на течности кои содржат алкохол, во устата всушност ја дехидрира устата, а сувата уста нуди можност за размножување за лошите бактерии.
Премногу ја миете кожата на лицето
Миењето на кожата е добро за отстранување на нечистотијата и бактериите, но прекумерното миење може брзо да предизвика проблеми. Нашата кожа има природни масла кои се корисни, па ако ги миеме овие масла секој ден, кожата ќе биде сува и повеќе склона кон воспаленија.
Крај