Како да се грижите за себе додека се грижите за новороденче
За повеќето мајки, особено за новите, раѓањето е најсреќниот момент. По неколкумесечните очекувања, вашата среќа сега е во вашите раце. Животот никогаш повеќе нема да биде ист. Заедно со новиот член на вашето семејство доаѓаат и нови предизвици. Треба да се направат прилагодувања и да се одредат приоритетите. Но, со сите проблеми кои доаѓаат со ново бебе, постои тенденција да се заборави еден важен фактор: себе.
Постпородилниот период, деновите и неделите по породувањето, е критично време кога и мајките и бебињата треба да добијат посебна грижа. Вообичаено, во траење од шест до осум недели, постпородилниот период опфаќа различни промени кај мајката. Ова е исто така период кога вие и вашиот партнер ќе научите како да се грижите за вашето новороденче.
Не заборавајте да превземете дополнителна грижа за да можете да си ја вратите силата. Низ бременоста сте поминале низ тешки искушенија и мора да добиете особено внимание додека закрепнувате.
Еве како да се грижите за себе:
Физички
- Одморете од грижата за вашето бебе. Тоа ќе ве освежи и ќе ви ја даде енергијата да се грижите за потребите на вашето дете.
- Јадете добро. Одржувајте здрава исхрана за да му помогнете на вашето тело да заздрави и да се опорави. Сигурно ќе бидете многу исцрпени од грижата за бебето, па планирајте да подготвите едноставна, но здрава храна преку која ќе ги внесете потребните хранливи материи.
- Спијте додека бебето спие. Спиењето цели осум часа ќе ви биде само далечно сеќавање подолго време, додека бебето не се прилагоди. Искористете ја шансата да го добиете потребниот сон додека вашето бебе спие.
- Организирајте се! Сè во вашата спална соба треба да ви биде на дофат. Детското креветче нека биде поблиску до вашиот креветот. Чувајте ги марамчињата и пелените на дофат на раката на подлогата за преслекување. Колку помалку време губите во движење низ собата или од една соба во друга, толку помалку ќе се изморите.
- Имајте реални очекувања за телото. Некои мајки сакаат брзо да се ослободат од вишокот килограми и веднаш се изложуваат на екстремни диети. Брзото губење на тежината може да биде опасно и за вас и за вашето бебе, особено ако доите. Обично потребни се неколку месеци за да се изгуби тежината која сте ја добиле во текот на бременоста, па одвојте време и одберете здрав и активен животен стил.
Социјално
- Семејството и пријателите ќе бидат подеднакво возбудени за да го запознаат вашето бебе и ќе доаѓаат во болница или во вашиот дом за да го посетат. Додека повеќето родители уживаат да примаат гости, не треба да чувствувате обврска да мора да ги забавувате. Слободно повлечете се во вашата соба за да доите или да одморите.
- Кога сте подготвени за тоа, поврзете се со луѓето чие друштво ви одговара. Менувајте се со партнерот или замолете некој во кого имате доверба да го почува бебето неколку часа за да можете да излезете. Понекогаш дури и брз разговор по телефон со близок пријател може да ви ги наполни батериите.
- Побарајте поддршка и помош од семејството. Замолете ги членовите на семејството, или добрите пријатели да ви помогнат со домшните обврски, додека сте во период на приспособување.
- Мајките треба да бидат ослободени од сите одговорности за да се грижат за себе и за своето бебе во првите неколку недели. Ова е особено важно ако дојат или ако породувањето било со царски рез (за што е потребно подолго време за целосно опоравување).
Емоционално
- Грижете се за себе. Не дозволувајте да заборавите на себе. Само затоа што сте станале мајка, не значи дека целата грижа и внимание треба да ги посветите само на вашето дете. Дозволете се повремено да уживате во маникир-педикир или во добра масажа. Прошетајте или едноставно уживајте во неколку моменти на мир и тишина.
- Внимавајте на емотивните напади. Не е невообичаено непоследно по раѓањето да се чувствувате плашливо, фрустрирано, нервозно, нетрпеливо, немирно или вознемирено, но овие чувства обично исчезнуваат по неколку недели. Внимавајте, бидејќи овие можат да бидат симптоми и за постпородилна депресија.
Прво грижете се за себе. Сте поминале големи емотивни и физички промени во текот на бременоста и ви треба време за да се опоравите од тоа. Уживајте во најмалите моменти со тоа мало суштество што е ваше дете, но заштедете малку време и за себе.
Со тоа што ќе бидете сигурни дека вашите потреби се исполнети, целосно ќе можете да ги превземете предизвиците на мајчинството со јасен ум, здраво тело и витко срце.
Крај