Шише за вода кое можете да го делите со вашето куче
Кучињата се нашите најдобри пријатели и очигледно е дека сите ние сакаме да ги земаме секаде со нас – но ќе се согласите дека не е баш практично наоколу да се шетате со нивниот сад за вода кој треба при секоја потреба да го полните и празните.
Компанијата Кикстартер креира генијално решение за овој проблем: Drink&Buddy – новото хигиенско шише за вода кое можете да го делите со вашето куче.
Ова шише можете да го користите на два начини. Да делите 700мл вода со вашето куче или да ја поставите специјалната мембрана со која ќе можете да одделите два различни напитоци: 300мл вода за вашето другарче и 400мл за она што вие сакате да пиете.
Ова двострано шише за вода нема само два отвори за две усти, бидејќи кучињата не пијат вода како луѓето, туку на едниот крај има и силиконска чинија на извлекување, каде што истекува водата кога ќе го отворите отворот на тој крај, па вашето куче може да пие вода како што си пие од садот кој го користите во домашни услови. (Не грижете се, еднонасочниот контролен вентил спречува мешање на водата што ја пие кучето со водата што истекува на вашиот отвор на другиот крај од шишето).
Погледнете го видеото подолу, па можеби и вие ќе посакате да си обезбедите едно вакво шишенце кога одите на подолга прошетка со вашето куче:
Извор: mashable
Крај