Храна богата со железо која дури и децата ќе ја сакаат
Веќе знаете дека исхраната е клучна за здравјето на децата, при што железото е особено важно. Железото помага да се поттикне правилниот проток на крв (што значи ги снабдува клетките и ткивата во детскиот организам со значителна количина кислород!) . Децата со недостаток на железо во крвта се почесто се разболуваат и често се чувствуваат заморени. И тоа не е единствениот проблем – според најновите истражувања, децата со недостаток на железо во крвта имаат полоши перформанси на училиште.
1. Суво грозје и друго сушено овошје
Сушеното овошје кое е практично за децата да го понесат на училиште, е богат извор на железо. На пример половина шолја суви кајсии содржи околу 4mg железо, додека сувото грозје и сувите круши содржат околу 2mg железо во половина шолја. Сувото овошје е богато со влакна што спречува да се јават болки во стомакот предизвикани од глад – што би го одвлекувало вниманието на детето за време на училишните часови – како и витамин А за здрав вид.
2. Спанаќ
Веќе знаете колку спанаќот е добар за вашите деца – но дали знаете дека изобилува со железо? Исто така содржи и витамин А за имунитет и витамин Ц за здрави коски. Но, за жал спанаќот нема добра репутација кај децата. Па, да се потрудиме да го смениме тоа!
3. Печено говедско месо
Говедското месо не само што е богато со железо, туку и самото железо што го содржи говедското месо е во форма која лесно се апсорбира во организмот. Тоа исто така содржи и протеини за здрави коски, витамин Б12 за когнитивна функција на мозокот и витамин Б3 за здрави нерви.
4. Крекери и сирење
Ова “главно јадење” кое им е омилено на децата, не само што содржи калциум (благодарение на сирењето) туку и е одличен извор на железо. Брашното кое се користи за подготовка на крекерите содржи додатно железо – кое понекогаш е доволно за да ги покрие вкупните дневни потреби за железо кај децата во само едно пакување!
5. Печурки
Печурките исто како и спанаќот не се омилени кај децата – но тоа не значи дека не можат да станат омилени. Тие се еден од најдобрите извори на железо од растително потекло, и обезбедуваат околу 2mg по шолја. Дополнително содржат и влакна поради што децата ќе се чувствуваат заситени помеѓу оброците и антиоксиданти за здрав развој на организмот.
6. Зелена соја
Сигурно ќе помислите дека децата не би јаделе зелена соја, но таа има крцкава структура која ако ја збогатите со некој зачин, може да стане омилен училишен оброк на децата. Една шолја со зелена соја содржи околу 5 mg железо и исто така е најдобар извор на протеини од растително потекло.
7. Чоколада
Децата секако ја обожаваат чоколадата и за неа не ви е потребно да ги убедувате. Истите хранливи состојки кои ја прават темнота чоколада одличен избор за вас – вклучувајќи влакна, бакар и антиоксиданти – се одличен избор и за вашето дете. 30 гр темна чоколада содржи 2mg железо. Колку чоколадата е потемна, толку повеќе железо содржи.
Крај