Храна која не треба да се чува во замрзнувач
Колкумина од нас имаат дома преполн замрзнувач? Сите ние купуваме повеќе храна отколку што е потребно и остатоците ги замрзнуваме. Ако ја замрзнувате вистинската храна, тоа не е лоша идеја. Замрзнатото овошје или зеленчук се подеднакво здрави колку и свежите, но постојат некои видови храна кои никако не треба да стојат во замрзнувачот. Погледнете дали некоја од нив се наоѓа и во вашиот замрзнувач!
Мајонез
Можеби не сте помислиле да замрзнете тегла со мајонез, но сигурно остатоците од некоја салата со мајонез сте ги ставиле токму во вашиот замрзнувач. Не правете го тоа: мајонезот се раздвојува кога ќе го одмрзнете и ќе добиете мрсен и згуснат неред што едноставно не може да се спаси.
Пржена похована храна
Тешко е да ги фрлите вкусните и крцкави пилешки прсти или похован кромид. Но, верувајте дека откако ќе ги одмрзнете го губат тој крцкав слој што го обожавате и колку и да ги печете во рерната нема да можат повторно да бидат крцкави.
Овошје и зеленчук кои содржат голем процент на вода
Овие се одлични за да ве одржуваат здрави и хидрирани. Но, кога ќе ги замрзнете, водата што ја содржат замрзнува во мали кристали и откако ќе ги одмрзнете ќе бидат меки и кашести.
Ова важи за краставиците, ротквиците, лубеницата, јаболката, крушите и цитрусните овошја.
Кечап и различни преливи за салати
Кечапот купен од маркет има прилично долг рок на траење – до две години. Ако треба да го чувате вашиот кечап по тој период, подобро ви е да купите ново шише. Кога е замрзнат, кечапот ја губи структурата и воопшто не изгледа привлечно и вкусно.
Не дозволувајте оваа листа да ве обесхрабри. Освен овие неколку исклучоци, голем дел од храната може да се замрзне и без губење на вкусот или текстурата.
Крај