Храна која предизвикува гасови
Гасовите не се најлошата работа на светот. Може да биде непријатно, особено во социјалните ситуации, но тоа е само една од нашите природни телесни функции. Но, ако сакате да избегнете непријатни и потенцијално смрдливи ситуации, можеби ќе треба да избегнувате некој од овие прехранбени производи пред излегување.
Зелкаст зеленчук
Иако зелкастиот зеленчук како што се: кељ, брокула, карфиол, прокељ се одлични за вашето здравје, можат да го вознемират стомакот ако претерате со нив. Овие зеленчуци се богати со растителни влакна, а бактериите во дебелото црево ги јадат овие неразвиени честички и произведуваат гас како несакана појава. Тоа не значи дека не треба воопшто да ги јадете, само треба да внимавате на количината што ја внесувате.
Високофруктозна храна
Можеби ќе бидете изненадени, но одредени видови овошје и зеленчук исто така може да предизвикаат гасови. Високофруктозната храна како кромидот, крушите и некои други овошја може да предизвика гасови ако имате проблеми со варењето. Фруктозата е ферментирачки јаглени хидрати што предизвикува вознемиреност кај некои поединци.
Кафе
Пиењето вода е добро секогаш, а особено кога јадете многу влакна. Меѓутоа, додека водата може да биде добра за вашиот дигестивен систем, другите течности можеби и не се. Пијалаците како кафе, кои имаат тенденција да имаат лаксативно дејство, можат да ви предизвикаат гасови. Други пијалаци како пивото, газираните сокови и чаевите, кои содржат замени за шеќер како сорбитол, ксилитол и манитол исто така, може да предизвикаат гасови.
Млечни производи
Многу луѓе имаат тешкотии со варењето на храната заради шеќерот и лактозата во млечните производи, што доведува до производство на гасови. Ако млечните производи ви предизвикуваат гасови, ова може да значи дека сте нетолерантни на лактоза и имате недостаток или отсуство на ензим наречен лактаза. Ако мислите дека јадењето на млечни производи ви го вознемирува стомакот, најдобро е да го посетите вашиот доктор за да бидете сигурни дека не сте нетолерантни на лактоза.
Извор: thelist
Крај