Храна која природно ќе ви ги избели забите
Ако сликата вреди илјада зборови, тогаш насмевката мора да вреди милион. Насмевката нè прави да изгледаме посреќни, поатрактивни, опуштени и искрени. И ако ова е доволна причина оние кои имаат беспрекорни заби да почнат да ги покажуваат насекаде, забите кои се нешто помалку од бисерно бели може да нѐ натера да станеме самосвесни за тоа да ги прикриваме. Секогаш постојат третмани за белење, но тие често доаѓаат со голема цена и може да предизвикаат голема чувствителност на забите. За среќа, има подобар начин!
Со стратегиско внесување на одредени видови храна во нашата исхрана, можеме да ги избелуваме забите природно, истовремено подобрувајќи го нашето целокупно здравје.
Ако сакате да имате бескрајно бела насмевка, ова е храната што треба почесто да ја јадете:
Портокали
Покрај тоа што се здрави за јадење, портокалите исто така делуваат и како природен избелувач на забите. Ензимот бромелаин кој го има во портокалите е природен отстранувач на дамки и помага да се разредат наслагите и кариесот, кои можат да ги нагризат забите и да предизвикаат забни шуплини.
Ананас
Исто како портокалите, и ананасот го содржи природниот ензим за отстранување на дамки – бромелаинот. Бромелаинот е ефикасна состојка во пастаите за отстранување на дамки.
Јагоди
Јагодите содржат ензим кој делува природно за отстранување на површинскинскиот слој кој прави бојата на забите да биде жолтеникава.
Покрај тоа што се добри за јадење, со нив исто така можете да направите вкусен третман за белеење на забите. Пробајте да ги изгмечете во устата и оставете ги на забите околу пет минути, а потоа исплакнете ги и исчеткајте ги забите.
Јаткасти плодови
Јаткстите плодови, исто така, може да помогнат да ги задржите вашите заби здрави. Бадемите се особено добри за забите благодарение на високото ниво на калциум и ниската содржина на шеќер.
Јаболка
Се вели: едно јаболко на ден за да бидете здрави како дрен! Но, и за да имате здрави и убави заби. Овие крцкави плодови влијаат како природен абразивен пилинг за вашите заби кога ќе ги загризете. Јаболката, исто така, имаат висока концентрација на јаболкова киселина, која се користи во некои пасти за заби. Јаболкова киселина ја зголемува плунката, која ги чисти забите и помага да се отстранат дамките.
Моркови и брокула
Овие зеленчуци делуваат како природни отстранувачи на дамки со зголемување на производството на плунка, која служи како средство за самочистење на устата. Тие исто така може да ги убијат бактериите кои предизвикуваат лош здив.
Крај