Смирете ги хиперактивните деца со помош на храната
Во одреден момент, сите ние сме се восхитувале на неисцрпната енергија на децата. Малку хиперактивност и повремени тантруми се нормални кај децата – тоа е дел од детството кога тие учат како да ги изразат своите емоции. Но, ако сте загрижени дека вашето дете има премногу подеми и падови во расположението или премногу моменти на вознемиреност, исхраната може да биде главниот виновник за тоа.
Вашето малечко можеби има дефицит на микронутриенти, чувствителност на одредени адитиви од храната или може да реагира на флуктуациите на шеќерот во крвта. Можеби звучи лудо, но неколку едноставни промени во исхраната би можеле да бидат решение за наоѓање и одржување на малку смиреност.
Храната што ја јадеме се состои од макронутриенти (протеини, масти, јагленохидрати, влакна и вода) и микронутриенти познати како витамини и минерали. На сите нас ни е потребна правилна мешавина и количина на овие макронутриенти и микронутриенти за да функционираме и ако не ги добиваме, тоа може да влијае на нашето однесување и расположение. Истото важи и за децата.
Бидејќи тие сѐ уште се развиваат, недостатоците на овие хранливи материи можат да имаат многу забележливо влијание кај нив.
Дајте им го на децата потребното смирувачко гориво
Еве листа на некои од овие клучни микронутриенти и каде да ги пронајдете:
Железо: спанаќ, зелена салата, брокула, аспарагус, прокељ, семки од тиква, говедско месо.
Магнезиум: бадеми, црн грав, спанаќ, боранија, целер, семки од тиква, брокула, семки од сончоглед, ленено семе.
Ниацин: живина, лосос, зелкаст зеленчук, морков, брокула, спанаќ, моркови, туна, печурки.
Тиамин: овес, грав, говедско месо, портокали, аспарагус, спанаќ, семки од сончоглед, брокул, зелка, морков.
Витамин Д: ракчиња, сардини, јајца, органски млечни производи.
Витамин Б6: спанаќ, пиперки, лук, карфиол, банани, брокула, кељ, морков, зелка, грав, ореви, риба, живина, јајца
Цинк: наут, семки од тиква, живина, говедско месо.
Сите елементи на листата на смирувачка храна, имаат нешто заедничко: тие се целосно самостојна храна. Значи не се преработени закуски, кои често се лишени од хранливи материи и полни со вештачки состојки. Здравата исхрана богата со хранливи материи е поврзана со подобро емоционално здравје кај децата, а јадењето на нездрава храна е поврзано со емоционална болка. Преработената храна е полна со синтетички соединенија кои не се сложуваат убаво со природната хемија на нашите тела.
Често посегнуваме по ваква храна, бидејќи е погодна, спакувана и бара малку или никаква подготовка, а на децата им се допаѓаат забавните облици и бои. Но, малите промени со текот на времето може да ни помогнат полесно да ја вклопиме целата храна во нашиот животен стил. И овие мини модификации придонесуваат за поголеми промени на долг рок, од кои може да има корист целото семејство.
Имајте на ум дека децата со автоимуни заболувања, цревни проблеми и други состојби може да имаат лоша апсорпција, што ги спречува нивните тела да апсорбираат одредени суштински микронутриенти. На некои деца може да им бидат потребни витамински и минерални додатоци. Но, родителите треба да се консултираат со лекар пред да започнат со додатоци за да се осигураат дека детето всушност има потреба од хранливи материи. Важно е да сфатите дека одредени лекови и додатоци можат да бидат добри, но и дека многу додатоци може да бидат опасни за децата во несоодветни дози.
Крај