Која е идеалната разлика во години помеѓу децата?
Многу родители прашуваат за идеалната разлика во години и колку време треба да чекаат пред да имаат второ или трето дете.
Иако многумина размислуваат и дебатираат по ова прашање, вистината е дека нема совршен временски период помеѓу едното и другото дете. Без разлика кога ќе донесат ново бебе во куќата, ќе има период на прилагодување за другите деца, без оглед на возраста. Иако е природно да сакате вашите деца да имаат блиска врска, да се согласуваат и да играат заедно, возраста сама по себе тука нема големо влијание. Многу поголемо влијание врз таа врска има личноста, полот и индивидуалните интереси.
Еве неколку работи кои треба да ги земете во предвид додека одлучувате што е најдобро за вашето потомство:
Предностите на имате деца блиски по возраст се тоа што веќе сте навикнати да се занимавате со пелени, постојан надзор на бебето и нула спиење. Децата кај кои разликата во години е мала, поголема е веројатноста дека ќе бидат природни соиграчи. Вашето прво дете ќе доживее помала тага поради фактот што веќе не е единственото дете.
Од друга страна, доколку разликата во години помеѓу децата е поголема, постарите деца подобро ќе можат да ги разберат концептите како што се стрпливоста, споделувањето, сочувството и соработката. Децата под 3 години имаат потреба од голема грижа и да имате две на оваа возраст, може да биде голем предизвик. Поголемата разлика во години ќе ви даде повеќе време за да го запознаете секое од вашите деца како поединец.
Затоа оваа одлука треба да ја донесете самите! На крајот на краиштата, најдобро време да се донесе ново бебе во куќата е кога вие и вашиот сопруг сте подготвени да бидете родители на повеќе деца, да управувате со поголемо семејство и емотивно и финансиски. И запомнете, ако креирате дом каде што има доволно време, енергија и љубов за секого, разликата во години помеѓу вашите деца нема да биде важна.
Крај