Зошто игнорирањето е мајка на сите одмазди: Вака интелегентните луѓе се справуваат со сплеткарите!
“Ако луѓето се обидуваат да те соборат, тоа значи да си над нив” – вели една стара изрека.
Во денешниот свет, кога сите трчаат по успех, слава и моќ, моралот и правдата полека исчезнуваат, фер-играта станува мисловна именка, а газењето преку сите до целта – потреба. Суетата е дел од сечиј работен ден, зависта и љубомората се запишани на челата на многумина. Неправдата поминува неказнета, а оние неколку добри луѓе не знаат што да прават.
Кога во таа игра со сопствена работа, труд и на чесен начин ги престигнете оние амбициозните и во главно самоуверени личности, тие ќе ја почувстуваат желбата за одмазда. Ќе почнат да прават сплетки и ќе се обидат со озборување да ве симнат на нивно ниво, бодејќи ве со двосмислени изјави…
Доколку ви се случи ова, морате да знаете само едно – игнорирањето е мајка на сите одмазди.
“Кога е игнориран, човек се запрашува зошто. Уште ако ваквата повратна реакција ја предизвикал со очигледна лоша намера, тоа нема да му даде мир “, истакнува психологот Елизабет Мајер.
Ќе се запрашува што мислите, што ќе биде вашиот следен чекор, зошто сте го направиле ова или она, дали сте ги “провариле” во намерата… Поради сето тоа, на крај потполно ќе се изгубат и ќе се одмаздат самите себеси.
“Одмаздата никогаш не е правилен пат. Таа е како шума – лесно е да го изгубите правецот, да залутате и да заборавите од каде сте тргнале.”
Една стара изрека вели: “Сѐ што е потребно за триумф над злото, е добриот човек да не направи ништо.” Тоа се однесува на изостанувањето на реакција на туѓата пакост. Кога на неа воопшто не реагирате, туку се однесувате како да не се случила или како тие личности да не постојат, настанот и злобните луѓе всушност немаат никакво влијание врз ништо.
Сфаќаат дека е залудно сѐ што направиле, а да работата биде уште полоша, не знаат ни што знаете, ни што мислите, а тоа ги излудува, им го мати разумот и ги спречува да успеат во подлата намера. И тоа е причина зошто уште еднаш повторуваме – игнорирањето е мајка на сите одмазди.
Интелегентните луѓе ја користат одмаздата како оружје за свој просперитет, но тоа нема врска со туѓиот живот и сплетките. Тие се одмаздуваат на следниов начин:
1. Говорат низ своите дела. Не дозволувајте емоциите да управуваат со вашите постапки и одмаздата да стане лична работа. Тоа ќе предизвика подоцна да се чувствувате лошо, и затоа правете го она во што сте најдобри, без озборување и одвишни разговори со оние кои тоа не го заслужиле.
2. Не чутат само за да се смират страстите. На лицата кои прават сплетки не треба да им се попушта, да им се угодува само заради мир и привидна хармонија во опкружувањето. Напротив – мудрите луѓе со двосмислени изјави даваат до знаење дека се свесни каква е личноста, како би им докажале дека не се слепи и дека тоа нема да можат да го повторат без последици.
3. Не се изолираат. Кога се нападнати, особено од блиска личност, повеќето луѓе тежнеат кон повлекување и изолација. Тоа и сакаат злобните лица – да се изолирате и да се повлечете како да сте вие криви, и попатно да им олеснете да го земат под свое и остатокот од вашето опкружување.
4. Не возвраќаат веднаш со напад. За да избегнете да бидете етикетирани со изреката “Нападот е најдобра одбрана”, оставете работите да мируваат одредено време. Всушност, кога ќе се изнервирате и во бесот возвраќате напад, ги откривате своите слабости и тако го храните оној на кого тоа му било и целта.
5. Стануваат поуспешни. Ништо нема повеќе да го повреди пакосниот човек како туѓата среќа. Тоа е уште една од низата причини зошто интелегентните луѓе стануваат уште поуспешни тогаш кога некој се обидува да ги повлече на дното.
Најлошото што можете да го направите е да возвратите со иста мера. Во тој случај не сте ништо подобри од оној кој ви прави зло, а како што изјавил еден игуман – “Злото со зло не може да се поправи”.
Затоа не се валкајте во туѓо блато и работајте само по сопствена совест!
Извор: stil.kurir.rs
Крај