Икеа сака жените да се измократ врз новата печатена реклама за бебешко креветче
Икеа само што започна нова рекламна кампања која истовремено е генијална, смешна, а во исто време и ексцентрична.
Според AdWeek, новата печатена реклама за креветчето Sundvik, бара потенцијалните клиенти да направат нешто повеќе од само да ја прочитаат: сака жените да ја намократ со урина.
Тоа е затоа што рекламата е всушност тест за бременост. Поточно, ја користи истата технологија како лентата за тестирање на бременоста за да открие дали урината на жената покажува дека е бремена.
Ако жената го добие тој “златен билет”, рекламата открива попуст на креветчето. Значи, добра вест: можете да заштедите пари на новиот кревет за вашето ново бебе! Лоши вести: само што се пријавивте за трошење илјадници денари потребни за растење на дете. Урааа?
Извор: mashable.com
Крај