Имате болен ПМС? – Еве што треба, а што не треба да јадете
Се пишува многу за самиот циклус, но дали сте слушнале за конкретниот дел од циклусот познат како лутеална фаза? Оваа фаза е многу важна и исхраната во овој период има особено значење и може да го направи вашиот ПМС поднослив.
Станува збор за периодот од 10-12 дена пред да започне циклусот, кој уште е познат и како ПМС. Во овој период овулирате, а телото се подготвува со насобирање на естроген и прогестерон во матката. Кога не сте бремени, концентрацијата на естрогенот и прогестеронот се намалува. Во овој период се појавуваат акни, се менува расположението и сите типични симптоми за ПМС всушност сигнализираат дека вашиот сооднос на естроген, прогестерон и други микронутриенти се надвор од рамнотежа.
Но, ако внесувате микронутриенти кои му се потребни на вашето тело, всушност можете да ги избегнете типичните симптоми на ПМС.
Која храна треба да се јаде за време на лутеалната фаза?
Леблебии – се голем извор на Б6, кој помага при создавањето на прогестерон, бидејќи ниските нивоа може да доведат до проблеми за време на циклусот.
Зелен лиснат зеленчук – содржат индол-3-карбинол, моќен стабилизатор на хормоните кој помага да се спречи доминацијата на естрогенот.
Јогурт – пробиотиците и добрите маснотии го стабилизираат расположението и ја спречуваат претераната желбата за храна за време на ПМС.
Која храна треба да се избегнува?
Кофеин – влијае на целиот ендокрин систем, мешајќи се со шеќерот во крвта и нивото на кортизол. Исто така може да ја влоши склоноста на телото да произведе цисти, па тоа е особено лоша вест за жени со полицистични јајници, ендометриоза, фиброиди и фиброцистични гради.
Соја – преработената соја (како соино млеко, месо од соја итн.) може да доведе до естроген дисбаланс, особено кај жените кои се чувствителни на фитоестрогени.
Компир – скробната храна делува како шеќер и може да влијае на нивоата на шеќер во крвта. Ова на крајот може да влијае на вашата плодност и на редовната овулација.
ГМО – храна која дефинитивно сакате да ја избегнете додека вашето тело се занимава со сопствената хормонална криза.
Вештачки засладувачи – како и вистинскиот шеќер, тие исто така можат да предизвикаат дизбаланс на шеќерот во крвта. Исто така, гликозидите во одредени засладувачи може да ја спречат овулацијата.
Крај