Хаосот и убавината на мајчинството низ искрени фотографии
Мајчинство е кога со вашата блуза го бришете растеченото носе или извалканото лице од вашето дете.
Секој ќе се согласи дека растењето деца не е воопшто лесна работа. Овие често нераскажани приказни им помагаат на родителите да не се сами во својата борба и да продолжат да прават неверојатна работа.
Додека повеќето слики кои ги гледате на интернет прикажуваат среќни семејства и сѐ на нив е во совршен ред, фотографот Гидре Гомес одлучи да го отслика мајчинството онака како што таа го доживува секојдневно – исполнето со хаос, бес, љубов и убавина.
За да го постигне тоа, Гомес ги прикажува сопствените искуства и ги фотографира семејствата на нејзините пријатели. Сликите на Гомес покажуваат дека мајките одлгледуваат и се справуваат со повеќе деца одеднаш – додека купуваат, додека ја користат бањата, додека перат или додека спијат.
Мајчинството е да се разбудиш со стапалцето или газето во лицето. Мајчинство е да доиш секогаш и сакаде. Мајчинството е многу денови со лоша фризура и облека како за трчање. Мајчинството значи дека никогаш веќе нема да одите да купувате сами. Мајчинството значи дека не можете да се јавите и да кажете дека сте болни, затоа што тоа е 24/7 работа без плата. Но, на крајот да се биде мајка значи да бидеш целосно опсипана со љубов, среќа, одговорност и несебичност.
Извор: aplus
Крај