Исповед на една свекрва: сакам снаата да ги знае и да ги запомни овие работи!
Јас не сум совршена, па ајде двете да претпоставиме дека другата го прави најдоброто што може!
Приказната снаа-свекрва има две страни: и додека снаите се жалат за тоа колку свекрвата е присутна во нивниот живот и ние свекрвите сакаме да им кажеме нешто на своите снаи.
Малото дете кое премногу го сакам и му го посветив целото внимание додека растеше, сега е возрасен маж со свое семејство. Во овој момент знам дека јас како мајка треба целосно да го ослободам и да му дозволам да се прилагоди на неговиот живот со сопругата. Не сакам да бидам свекрва која ќе и кажува на снаата како треба да се однесува кон нејзиниот сопруг и постојано да се мешам или да ги преиспитувам нивните одлуки. Таа сега најдобро го познава мојот син!
Но, би сакала и таа да ги знае овие работи и добро да ги запомни, бидејќи еден ден и таа ќе биде мајка и сигурно ќе сака истото да и го каже и на нејзината снаа:
Иако мојот однос со синот се променил, сети се дека јас сум сеуште негова мајка.
Иако сега ти си жената во животот на мојот син, не заборавај дека пред тебе јас бев жената во неговиот живот. Најважното нешто што можеш да го направиш за мене како твоја свекрва е безусловно да го сакаш мојот син. Сега ти си неговата најважна личност и неговата најголема поддршка.
Прифати ме таква каква што сум.
Не обидувај се да ме промениш. Прифати ме со сите мои ексцентричности и мани. Сфати дека како што ти имаш твои начини на кои ги правиш работите во твојот дом и јас имам мои начини и во ред е ако ги правам работите поинаку. Обиди се да ги разбереш моите начини без осудување.
Почитувај ја мојата возраст и искуството.
Сакам да споделам дел од моето искуство со тебе без да те навредам или да ти наметнам нешто. Почитувај ги моите минати искуства и сфати дека јас најдобро ги познавам сите членови од семејството и нивните карактери. Советите ти ги давам со најдобра намера, немој да бидеш навредена од тоа!
Разговарај со мене.
Можеби несакајќи сум те навредила и не знам за тоа. Сакам да имаш слобода да ми кажеш или да ме прашаш на што сум мислела кога сум кажала нешто. Јас не сум совршена, па ајде двете да претпоставиме дека другата го прави најдоброто што може! Во најголем број случаи станува збор за недоразбирање, но тоа може да се реши само со разговор. Ако се чувствуваш повредена од нешто што сум направила или кажала, разговарај со мене за тоа.
Запомни, ние сме едно семејство.
Навистина ценам кога ми кажуваш забавни приказни за твоето семејството. Среќна сум кога сме поканети на настани со твоите родители, браќа, сестри итн. Те молам вклучи ме во некои од семејните активности и традиции. Сакам кога ќе ме повикаш за заедно да купиме нешто што ви треба за домот. Мислам дека мојот син го сака фактот што поминуваме време заедно.
Запознај ме како личност.
Јас сум личност со чувства, верувања и идеи. Сакам да најдеме заеднички интереси за кои ќе разговараме или работи што ќе ги правиме заедно. Те молам, не ме споредувај со твоите родители и како тие ги прават нештата.
Помогни ми да ги запознаам моите внуци подобро.
На вашите деца им се потребни баба и дедо во нивните животи, а и нас ни се потребни тие во нашите. Сакам да знам што прават во текот на денот, сакам да знам за нивните успеси, желби и планови. Сакам да споделиш фотографии од вашиот одмор или од обична прошетка.
Ти благодарам!
Ти благодарам што веруваш во мојот син и го поттикнуваш да останете поврзани со нас. Ти си ветерот под едрата на мојот син и навистина го ценам тоа. Го разбираш мојот син и неговите потреби многу подобро од мене, а јас не можам да бидам посреќна кога гледам колку се сакате и се почитувате.
Крај