Исушете го лакот за нокти за миг!
Секоја девојка и жена го доживеала ова сценарио: нанесувате лак за нокти, дувате, чекате да се исуши, го земате телефонот и ах го направивте тоа прерано – сега треба повторно од почеток! И додека има лакови за нокти кои се сушат побрзо од други, со овој лесен трик ќе го намалите времето на сушење барем за половина.
Еве како брзо да го исушите лакот за нокти:
Чекор 1: Наполнете сад со ладна вода и ставете неколку коцки мраз (внимавајте водата да не биде премногу ладна, за да не ви замрзнат прстите).
Чекор 2: Нанесете го лакот на ноктите и оставете ги да се исушат една минута.
Чекор 3: Натопете ги прстите во садот со ладна вода и држете ги 2-3 минути. Кога ќе ги тргнете, ќе забележите капки вода на врвот на лактот, што значи дека е зацврстен.
Чекор 4: Уживајте во тие дополнителни минути што ги добивте применувајќи го овој трик.
Крај