Дали имате проблем со спиењето? Избегнувајте ја оваа храна!
Навиката да се јаде пред спиење, нема да ви направи ништо добро! И за работите да бидат уште повеќе збунувачки, истражувањата на оваа тема покренуваат повеќе прашања отколку одговори: Дали ужината пред спиење помага во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта? Или треба целосно да се воздржувате во последните три часа за да избегнете тешкотии? Дали јаглехидратите помагаат полесно да заспиете или ве држат будни? Дали една чаша вино пред спиење е добро за вашиот сон?
Идеално е храната да се внесува постепено во текот на целиот ден. Секако дека можете да јадете здрава закуска пред спиење – тоа нема да биде проблем за вашето здравје. Но, имајте во предвид дека колку е полесна храната што ја консумирате толку вашето тело е поспособно додека спиете да се фокусира на закрепнување, а не на варење на храната.
Ако веќе мора да јадете нешто пред спиење, еве што треба да избегнувате:
Алкохол
Пиењето алкохол пред спиење може да ве заспие, но реалноста е дека ќе ве тера да се будите во текот на ноќта, со што ќе се чувствувате помалку одморени следното утро. Дополнително алкохолот пред спиење го зголемува ‘рчењето, што може да предизвика нарушување на сонот.
Кафе и пијалоци кои содржат кофеин
Науката покажува дека ефектите на кофеинот остануваат и до 20 часа во телото. Доколку консумирате кофеин дури 6 часа пред спиење, тоа може да го наруши спиењето во текот на ноќта.
Темна чоколада
Иако темната чоколада се смета за здрав десерт пред спиење, таа содржи и теобромин кој има слични ефекти како кофеинот, а двете во комбинација можат негативно да влијаат на добриот ноќен сон.
Зачинета храна
Зачинетата храна пред спиење може да создаде проблеми со варењето. Капсаицинот активната состојка што се наоѓа во повеќето зачинети јадења, исто така може да ја зголеми телесната температура и со тоа да го отежне заспивањето.
Нездрава брза храна
Оптоварувањето на дигестивниот систем и на црниот дроб, за обработка на нездравата пржена и преработена храна никогаш не е добра идеја – особено не пред спиење!
Крај