За да изгубите килограми, исфрлете ги овие 2 здрави намирници
Свежото овошје и зеленчук не беа дел од мојата исхрана, но кога започнав да ги консумирам во комбинација со трчањето, килограмите започнаа да се топат. И тогаш во исхраната почнав да внесувам секаков вид овошје, вклучувајќи го и сушеното, но килограмите почнаа да се враќаат неочекувано.
Јас веднаш помислив дека за тоа се виновни јаглехидратите: тестенините, овесната каша и житарките. Но, дури и откако ги отфрлив од мојата исхрана, ништо не се промени. Јас всушност почнав да добивам тежина.
Добро, значи не беа јаглехидратите во прашање. И сè уште одржував рутина со мојата физичка активност. Еден ден решив да запишам сè што ќе јадам тој ден – секој залак, секој грст. И до крајот на денот открив нешто што ме шокираше. Двете здрави намирници што ги јадев во изобилство беа сувото овошје и јаткастите плодови.
Тој ден ставив 1/3 чаша суво грозје и 1/3 чаша ореви во овесната каша, за ужина изедов една паковка сушено манго, четири лажици путер од бадем со бананата и една рака семки од сончоглед со салатата.
Вистината е дека сувото овошје, јаткастите плодови и семки се здрави, но сепак содржат премногу калории. Јас сосема ги исфрлив од исхраната во наредните 2 недели, само за да видам дали тоа беше проблемот и килограмите конечно почнаа да се намалуваат.
Научете од мојата грешка! Ако јадете здрава храна, внимавајте на големината на порциите и на калориите што ги содржат сувото овошје, јаткастите плодови, семките и путерите. Сега постепено ги враќам во мојата исхрана, но внимавам колку јадам.
Крај